19 Декември, 2025
0.0461

НЕДОСТИГААТ СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТИ, КОРИСТАТ ЗАЕДНИЧКИ ЛОЗИНКИ - ревизорите со бројни забелешки за Системот на СОЗР

Објавено во: Македонија 25 Август, 2025 10:29

Добивај вести на Viber

Недостиг на безбедносни политики, користење на застарени оперативни системи и на заеднички лозинки и без двојна потврда, како и неажурирани резервни копии, се дел од слабостите на системот за интегрирано планирање на на ресурсите што ги утврдиле ревизорите.

Системот за интегрирано планирање на ресурсите го употребува Службата за општи и заеднички работи на Владата за извршување на сметководствено-финансиските услуги за повеќе државни институции.

Иако, ИПР системот е имплементиран во 2016 година, како што се наведува во ревизорскиот извештај од Државниот завод за ревизија (ДЗР), се уште отсуствува правен акт кој ги регулира правата и обврските на Министерството како сопственик и на Службата како корисник на системот што, според ревизорите, создава ризик од несоодветно управување со податоците. 

- Поради несоодветно планирање и ненавремено спроведување на постапките за одржување на системот, во периодот од 522 дена не бил склучен договор за регулирање на правата и обврските за негово одржување. 

Ваквата состојба влијае на безбедноста, достапноста и точноста на податоците, како и до потешкотии во изготвувањето на финансиските извештаи за соодветните известувачки периоди. Во периодот на одржување не се преземени активности за редовна проверка на резервната копнија (бекап) на податоците, а со тоа се зголемува ризикот од поврат на податоците. 

Во Службата за општи и заеднички работи недостигаат стратешки документи кои ги дефинираат насоките за развој, одржување и надградба на информатичките системи, како и политики и процедури за управување со податоци што, според ревизорите, може да доведе до неефикасно управување и до ранливост од безбедносни закани - се посочува во извештајот на ДЗС.

Ревизорите утврдиле и повторување на исти надградбени активности и надградби што не се засноваат на потребите и не ги опфаќаат сите корисници, недостиг од поврзување со Централниот регистар преку интероперабилност, како и високи трошоци и забавување на процесите поради недостиг на интегрција.

На навременото и ефикасно извршување на задачите, според ревизорите влијае и недостигот на човечки ресурси поради постојаниот одлив по основ пензионирање и недостигот на вработени со соодветни знаења. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот