05 Декември, 2025
0.0312

Неготино со нови улици и водоводна мрежа

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2012 11:34

Добивај вести на Viber

Нови улици и санирање на водоводната и канализациска се планираат во Неготино, соопшти денеска градоначалникот Пане Трајков.

Како што информираше тој,  за асфалтирање и бекатон коцки на улицата долга 800 метри во селото Тремник, ќе се потрошат околу 10 милиони денари од кои 5,5 милиони обезбедени од Агенцијата за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, а остатокот од општинскиот буџет.

„Ја саниравме и водоводната линија на улицата „Владо Арсов Шпанац“ со што се подобри состојбата со водоснабдување на жителите од населбата „Саат кула“, за што беа потрошени еден милион и 600 илјади денари општински пари. Се реконструира и водоводната и фекалната мрежа на улицата „11 Октомври“. Инвестицијата е вредна над пет милиони денари а парите се обезбедени од Европската инвестициска банка преку Министерството за транспорт и врски, нагласи Трајков. Од општинскиот буџет, пак исто така се издвоени 10 милиони денари за уредување на мостот на Тимјаничка река и улицата пред и после овој мост која ги спојува улиците „Антон Пеган“ и „Владо Арсов Шпанац“, а исчистен е и колекторскиот систем од новиот мост до градскиот пазар во должина од еден километар, дополни градоначалникот.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“