НЕИСЧИСТЕНИТЕ КЛИМАТИЗЕРИ ГИ КРИЈАТ НАЈОПАСНИТЕ БАКТЕРИИ: Легионелата е главен фактор за пневмонија
Објавено во: Македонија 23 Август, 2023
Климатизерите во
последниве два месеца, особено во периодот на африканскиот топол бран се
најупотребуваните апарати во секоја компанија, домаќинство и разни други
објекти. Но, голем дел научни истражувања од здравствената област покажуваат дека
постојаното седење во климатизирани простории може во голема мера да го наруши
здравјето на луѓето.
Ладниот воздух од овие апарати не само што придонесува за болки во вратот, грбот, и така натраму, во аеросолите може да „живеат“ опасни бактерии кои придонесуваат за развој на пневмонија доколу климатизерот не се чисти редовно.
Интернистката д-р Виолета Христов со оваа проблематика се занимава многу години и за Фактор вели дека во климатизерот живеат многу бактерии и микроорганизми, а меѓу оние најопасните се издвојува легионелата која може да биде и фатална по вашиот живот.
-Веќе 12 години сум посветена на болестите што ги предивикува бактеријата Legionella pneumophila која се развива и размножува во клима уредите кои не се одржуваат правилно, односно редовно чистење.Начинот на пренос е само со инхалација на контаминиран воден аеросол. Не може да се пренесе од човек на човек, заради што не е потребна изолација на заболените. Најпогодени се повозрасните лица, особено со хронични белодробни, луѓето со срцеви и бубрежни коморбидитети, а многу ретко децата. Посебна таргет група се лица со намален имунитет, лица по трансплатација на органи, заболени од малигни заболувања, но неретко и млади и здрави лица, без никакви ризик фактори. Мојата прва пациентка токму пред 12 години беше млада мајка која одбиваше да пие лекарства заради доење на бебето. Дишењето и беше отежнато, па дури на еден од прегледите се онесвести. Знали иницијалните симптоми се отежнато дишење, губење на здив, слабост, омалаксаност, поткашлување... Некои помлади лица кои имаат панични напади, го губат здивот, имаат вртоглавици и несвестици, всушност треба да испитаат дали кај нив е присутна оваа бактерија која диоведува до пневмонија. Доколку не се лекува навреме може да доведе и до хронична опструктивна белодробна болест-ХОББ, посочува д-р Хртистов.
Вели дека за да може да се дијагностицира се прави пнеумослајд, но се прави и анализа на урина при што конкретно се нагласува дека е за бактеријата Legionella pneumophila. Исто така, присуство на оваа бактерија се докажува и со молекуларна анализа, со брис, како што беше со ковидот.
-Навременото лекување е од исклучителна важност. Пациентите кои имаат вакви симптоми кои веќе ги посочив никако не смеат да дозволат да помине долг период. Ако се почне навреме лекувањето секако трае пократко. Јас обично на моите пациенти им препишувам и инхалаторска терапија заради рехабилитација на бронхиите, вели таа.
Легионерска болест – (Legionellosis) претставува воспаление на белите дробови – пневмонија предизвиканa од атипична бактерија Legionella pneumophila.
Името го добила во 1976 година, кога за првпат е откриена кај воени ветерани (т.н. легионери) од Втората Светска војна кои учествувале на конференција во луксузен хотел во Филаделфија. Околу 10% од присутните заболеле од пневмонија, а стапката на смртност изнесувала околу 15% од заболените. Наредните години биле утврдени уште неколку нови епидемии, а легионелата како причинител била докажана ретроградно барем во 5 претходни епидемии.
Во родот „легионела“ влегуваат над 40 вида со над 60 серолошки типа од кои околу 50% се патогени за луѓето. Најважна и најпатогена за човекот е токму Legionella pneumophila, (серотип 1). Таа е интрацелуларна бактерија од што произлегува и нејзината отпорност на пеницилински и цефалоспорински антибиотици. Главни извори на инфекција можат да бидат водоводите, потоа резервоарите за вода, хидрантите, навлажнувачите на воздух и секако, клима-уредите.
Анита Буховски
ФОТО: Unsplash* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.