НЕИСКОРИСТЕН ПОТЕНЦИЈАЛ: Сиромашна земја „лежи“ врз злато вредно три билиони долари
Објавено во: Економија 04 Декември, 2024
Ел Салвадор „лежи“ врз злато вредно три билиони долари. Тоа е над 8.000 отсто од БДП.
Претседателот Наиб Букеле вели дека оваа централноамериканска држава поседува огромни резерви на злато, што претставува неискористен потенцијал.
„Ние сме единствената земја која забранува ископувања и рударење. Тоа не го прават ни Хондурас, ниту Гватемала, САД, а Европа е полна со рудници. Би сакале делови од нашата земја да изгледаат како Катар. Што мислите, како Катар го постигна тоа? Тие се наоѓаат во пустина“, рече Букеле.
Претседателот ги увери граѓаните дека рудниците нема да влијаат врз нивниот живот.
„Рудниците зафаќаат помалку од 1 отсто од територијата. Не се веднаш до нашите домови. Никого тоа нема да го вознемири“, изјави претседателот.
Дополнително, првичните студии покажуваат присуство на минерали како кобалт, никел и литиум, клучни за четвртата индустриска револуција.
„Студиите спроведени на само 4 проценти од потенцијалната површина идентификувале 50 милиони унци злато, кои денес се проценуваат на 131 милијарда американски долари, што е еквивалентно на 380 проценти од бруто домашниот производ (БДП)“, вели Букеле.
Во земјата 29.8 отсто од населението е сиромашно. Ова е податок за 2022 година.Вп 2016 година, стапката на сиромаштија изнесуваше 40.4 отсто.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.