ВМРО-НП: Решението не е ниту во промена на старосната граница за пензија, ниту во зголемувањето на даноците
Објавено во: Економија 04 Декември, 2024
Oд партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, излегоа со став за препораката на Фискалниот совет дека старосната граница за пензионирање треба да се зголеми на 67 години и за мажи и за жени.
Велат дека ВМРО-Народна партија со внимание ја следи дискусијата што деновиве се развива во Северна Македнија, за дупката во пензискиот фонд како и за зголемувањето на старосната граница за пензија и можното зголемување на даноците како мерка за пополнување на дупката.
„Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека во последните десетина години неколку пати сме ја алармирале јавноста за можната ескалација на ова горливо прашање и жално е што во оваа дискусија никој не зборува за вистинскиот проблем, а тоа е системска проблематика која настана со реформата при формирањето на приватните пензиски фондови. Во овој случај не можеме никого да обвиниме затоа што тоа беше наметната реформа од Светската банка и Монетарниот фонд, меѓутоа со жалење можеме да констатитраме дека никој во сиве овие години не се обиде да сфати каде е проблемот. Како за потсетување е и фактот дека оваа ситуација со приватните пензиски фондови како дискусија ја имаше скоро во сите држави од поранешниот комунистички блок. Затоа ВМРО-Народна партија смета дека решението не е ниту во промена на старосната граница за пензија, ниту во зголемувањето на даноците туку треба да се размисли околу правна форма за укинување на приватните пензиски фондови и враќање на единствениот државен пензиски фонд“, реагираат од ВМРО-НП.
Власта смирува дека не размислуваат за зголемување на старосната граница за пензионирање. И Левица е против овој предлог. Тие рекоа дека пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.