Неисправен оџак или инсталација можни причини за пожарот во Трескавец
Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2013 14:56
Истрагата за причините за пожарот во кој во понеделникот изгореа конаците на манастирот Трескавец продолжува. Според истражниот судија Весна Пајмакоска, пожарот избувнал во просторијата од конаците што се наоѓала веднаш до камбанаријата.
Таа додаде дека за тоа се пронајдени докази и оти се можни две причини за пожарот – инсталацијата или неисправен оџак.
- Викендот имало посетители. Огнот во еден вид отворен камин бил изгаснат, но можно е да тлееле жарчиња. Оџакот не бил направен по прописи уште 1990 година кога била адаптацијата по тогашниот катастрофален пожар. Освен тоа, таа била единствената просторија која имала обложување од ламперија и лесно било да избувне пожар. Најдени се саѓи, дел од ламперијата. Сепак, ова е неофицијално и првично. Треба да заврши истрагата за конкретно да се утврдат причините, изјави Пајмакоска.
Истакнува дека се земени искази од искушеникот Калист и швајцарскиот турист кои тогаш биле единствени присутни во манастирот.
Пајмакоска појасни дека нема елаборат за заштита од пожари кога се обновувале конаците од 1990, ниту се применети мерки за заштита од пожари.
Пожарот во манастирот Трескавец избувна во понеделникот околу 14 часот. Искушеникот Калист и гостинот се обиделе да го изгаснат, но кога сфатиле дека не можат сами, случајот го пријавиле.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје





