НЕКАДЕ ЌЕ СЕ ИНТЕРВЕНИРА СО ЗАКОНСКА ИЗМЕНА, НЕКАДЕ СО ВЛАДИНА ОДЛУКА: Џафери најави дека се бара решение за проблемот со возачките дозволи и пасошите
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2024 12:36
Техничкиот премиер Талат Џафер од тетовско Селце најави дека ќе оди денеска во Собранието, и оти ќе се разгледуваат можностите за надминување на проблемите со употреба на возачките дозволи и пасошите чиј рок истекува вечер на полноќ согласно Преспанскиот договор.
Според најавата на Џафери, можно е некаде да се интервенира со законска измена, а некаде со одлука на Владата.
- Секако дека размислуваме и за законско решение и во текот на денот ќе имаме и соодветна одлука, имајќи предвид дека денеска треба да одам во Собранието поради други обврски. Секако веќе е искоординирано е да имаме заедничка средба, значи со Собранието, со пратениците и евентуални решенија да ги дефинираме како закон, а другиот дел од можните решенија преку одлука на Влада, она што е соодветно и можност да се спроведе и да се изведе, и да ги согледаме сите можности. Секако, работиме на тоа и ќе има соодветна одлука и решение за прашањето коешто се актуелно, истакна Талат Џафери на новинарските прашања по настанот во тетовско Селце.
Според процените на Џафери, ќе се согледаат сите аспекти и во зависност од можностите ќе се употребат решенија.
- Треба да ги согледаме сите аспекти. Таму кај што е можно продолжение на рокот да се продолжи, таму кај што има потреба од друг вид на одлука и решение да се спроведат други одлуки, рече Џафери.
Во тетовско Селце техничкиот премиер присуствиваше на поставување камен темелник за ново училиште.
ФОТО:МИАМожеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




