Некогашен волонтер од кампања на Џо Бајден стана наследник на Ципрас во СИРИЗА
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2023
Новоизбраниот претседател Стефанос Каселакис ги презеде должностите од досегашниот лидер на СИРИЗА - поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас.
Каселакис, кој има свој бизнис во САД, беше пречекан во кабинетот на Ципрас, а дотаму дојде со метро.
„Алексис Ципрас е заеднички претставник на сите членови на СИРИЗА. Го почитувам и тука сум да го чувам неговото животно наследство и се надевам дека тоа ќе го оправдам“, рече новиот лидер на левичарската опозициска партија по средбата.
35-годишниот прогресивен кандидат за претседател на СИРИЗА добива огромна поддршка откако Алексис Ципрас објави дека нема да се кандидира. Роден во Маруси на 29. март 1988 година. Неговото семејство е по потекло од Ханија. На 14-годишна возраст го освоил сребрениот медал на математичкиот натпревар Архимед на Грчката математичка асоцијација. Дипломирал економија на Универзитетот во Пенсилванија. За време на студентските денови, тој волонтирал во кампањата за актуелниот американски претседател Џо Бајден за време на претседателските прелиминарни избори на Демократската партија во 2008 година. Во 2009 година е ангажиран и „одделот за управување со ризик“ на Голдман Сакс, а потоа работи во тинк-тенкот на Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон. Подоцна ја основал бродската компанија Свифт Булк.
„Уживајте во овие денови без вина затоа што кој и да влезе во политика мора да знае дека радостите не се претерани. Уживајте во овие денови, а потоа посветете се на наследството што го преземате и на можностите што постојат.. Грчкото општество е во големи тешкотии“, се надоврза Ципрас.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.