Некои работи што не сте ги знаеле за околината на Пехчево
Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2016 09:09
Периферијата на Македонија крие во себе многу интересни особености, места и приказни коишто чекаат да бидат откриени и раскажани. Посебно интересна дестинација за задоволување на авантуристичкиот дух, како и за запознавање со единствените природни знаменитости е градот Пехчево и неговата околина. Малото гратче лоцирано на крајниот Исток од државата изобилува со долга и богата историја и живописна природа.

Една од нив е посебно интересната и поврзана со многу старо предание, Вртена скала. Оваа природна карпеста формација е на само 7 километри од Пехчево, во пазувите на Буковик и врвот Орловец. Со карактеристичен изглед,оваа формација од површината на земјата се издига во висина од околу 5 метри, а на средишниот дел има отвор широк околу 0,6 метри и долг околу 2,5 метри. Отворот има неправилна форма и е природно настанат.

За постоењето на Вретената скала поврзано е многу старо предание, па дури и ритуал што се изведувал во дамнешни времиња. Кај локалното население постои верување дека карпата има некаква моќ, па според усните преданија, уште одамна се верувало дека протнувањето низ карпата помага за плодноста на семејствотои на малите деца кои страдаат од лоши соништа или од несоница.
Ова место е лесно достапно за посетители и пристапот до карпата е уреден и безбеден.

Планинскиот воздух освежува, погледот во природната убавина ги одмора очите, а бројните билки, со мирисите што ги ослободуваат, заведуваат и исцелуваат. Во Пехчево се наоѓа и новоотворениот Хотел Гогов, чиишто капацитети и содржини ги задоволуваат и најпребирливите вкусови. Покрај одличниот планински амбиент, исклучителната услуга и храна, како и спа и фитнес центарот, при вашиот престој во Хотел Гогов ќе добиете и препорака за организација на различен тип планински тури низ магичната природа на Пехчево и околината.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




