Неколку илјади сезонци од Албанија дојдоа на берба на јаболка во Преспа
Објавено во: Агробизнис 13 Октомври, 2020 07:03
Неколку илјади работници од соседна Албанија веќе две недели работат во овоштарниците во Преспа и Ресен.
Бербата на јаболка е во тек. За да се соберат јаболката во овој регион, потребни се од 5.000 до 10.000 работници, а половина од оваа бројка се обезбедува од соседна Албанија. Станува збор за Албанци од Корча и Поградец, но и Македонци од Мала Преспа кои работат за дневница од 1.000 до 1.200 денари. Сите тие се уредно пријавени, а додека се во овоштарниците се внимава на дистанца, носење маски и ракавици, затоа што се работи во време на пандемија.
„Тоа се работници кои сезонски работат во Грција, Италија и во Македонија. Досега се собрани 50 до 60 илјади тони јаболка, и ние сме задоволни, нема никакви проблеми. Доаѓаат не само Албанци, туку и Македонци од Албанија, а некои од нив имаат и македонски државјанства. Освен од Албанија, имаме работници и од Македонија. Информацијата дека се потребни работници многу брзо се шири и доаѓаат берачи од Прилеп, Битола, Охрид, но и Велес“, вели Љубе Пампулески, претседател на здужението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен.
Овоштарите се задоволни од родот на јаболка. Велат дека поголем дел од родот е прва класа.
„Квалитетни се сите сорти на јаболка. Околу 70 отсто од јаболката се прва класа според стандарди. Ако претходно сме имале 10 отсто со екстра квалитет, сега скоро 20 отсто од родот е со екстра квалитет. На пазарите низ Македонија веќе месец дена има квалитетни јаболка по пристапна цена. Оваа година беше добра, временските услови беа погодени. Единствено од невремето од минатата година трпиме штети, односно имаме за 40 илјади тони помалку род“, објаснува Пампулески.
Овоштарите зависно од договорот на берачите може да им обезбедат сместување и оброци, но сето тоа влијае и на висината на дневницата.
„Секоја година имаме по 4 сезонци. Оваа година имам двајца работници од Албанија, од Поградец. Исто и лани имав двајца албански државјани. Прифаќаат да работат овде затоа што им одговараат дневниците“, вели Ерол Куртовски, овоштар од Ресен.
Претходно, овоштарите стравуваа дека оваа година поради пандемијата на коронавирусот нема да можат да обезбедат берачи, и дека дел од родот ќе остане во овоштарниците, но сега е јасно дека тоа нема да се случи.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





