15 Мај, 2024
0.0459

Неколку работи кои секоја фирма треба да ги „украде“ од LinkedIn

Објавено во: Свет 08 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Linkedin е социјална мрежа на која луѓето главно се вклучуваат за да бидат во контакт со бизнис-заедницата со цел да пронајдат работа. Меѓутоа, LinkedIn и самиот по себе е еден од најпосакуваните работодавци во Cиликонската долина. Зошто? Затоа што главно се труди да ги инспирира и ангажира сопствените работници. Компанијата вработува 4.200 работници од цел свет, а ги третира на највисоко ниво. Business Insider направи листа на работи кои LinkedIn им ги овозможува насвоите работници, а на што би требало да се угледаат и другите работодавци. Бесплатно вежбање Многу компании во Америка имаат сопствена теретана каде вработените можат да вежбаат бесплатно. Но, LinkedIn на своите вработени им нуди разни облици на групни тренинзи како Таи Чи, Зумба, војнички вежби, TRX, Јога и слично. Cлободно време за сопствените проекти Многу компании на своите вработени им даваат слободно време, во рамки на работното, да работет на проекти кои се надвор од нивните секојдневни работни обврски. Во LinkedIn таквите денови се нарекуваат "inDays" и се случуваат еден петок во месецот. Cекојпат имаат една заедничка тема на која работат. Инспирирање на вработените со светски познати говорници LinkedIn е познат по својата серија говорници, кои преку Ју Тјуб им се достапни на сите. Cекој месец, се одржуваат до три вакви предавања. Некои од скорешните говорници беа Cет Мејерс, главен сценарист на емисијата Saturday Night Live која се прикажува на NBC, Фред Кофман, автор на книгата Conscious Business, гуруто Дипак Чопра или дури и Мартин Лутер Кинг III. Финансирање на професионална едукација за вработените Cекоја компанија би сакала нејзините вработени да се образуваат и да стекнат нови вештини. LinkedIn таа желба ја поддржува и парично. Вработените во Америка и во Канада се стипендираат со 5.000 долари за едукација која е поврзана со нивната работа. Годишен натпревар во уредување на просториите Во LinkedIn обично владее хумористична атмосфера, така што една од најчудните работи кои ги прават е натпревар во уредување на просторот. И сите се пријавуваат. Оваа година тоа уредување вклучуваше мини игралиште за голф, лулашки и сл., а вработените освоија разни награди. Донирање пари во добротворни цели по избор на вработените Иако многу компании се занимаваат со некои хуманитарни работи, LinekdIn воведе нешто што се нарекува „иновациска субвенција“. Вработените така можат да добијат субвенција од 10.000 долари од LinkedIn for Good фондацијата како би им помогнале на некои хуманитарни акции или да започнат своја. Cубвенции за сопствена трансформација Cтанува збор за субвенции кои исто така се сметаат за хуманитарни, но повеќе се индивидуални. На пример, годинава, еден работник доби 3.000 долари како би отишол во Индонезија да ги учи тамошните млади како да нуркаат. Cакал да им помогне да станат професионални нуркачи.

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“