НЕКОЛКУ СТОТИНА ЛУЃЕ ВО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО ФРАНЦИЈА: 15-годишно дете се бори за живот
Објавено во: Свет 01 Ноември, 2024
Масовно пукање поврзано со шверц на дрога во западна Франција остави пет лица тешко повредени, меѓу кои и еден тинејџер, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ретаљу, пренесува Гардијан.
Престрелката избувнала во текот на ноќта пред ресторан во Поатјесу, изјави денеска Ретаљу за радиото BFMTV/RMC.
- Она што започна како пукање во ресторан заврши со тепачка меѓу ривалски банди во која учествуваа неколку стотици луѓе - рече тој.
15-годишното момче е во многу тешка состојба, рече министерот.
Министерот предупреди дека Франција е на „пресвртна точка“ кога станува збор за насилството во трговијата со дрога, велејќи дека подоцна во текот на денот планира да замине во Рен, каде што е хоспитализирано уште едно петгодишно дете откако било застрелано во друг судир на нарко банди во саботата.
фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.