Добивај вести на Viber
Два автомобили и меѓуградски автобус се судриле попладнево во скопската населба Автокоманда, поради што шестмина се повредени.
Од СВР Скопје (Сектор за внатрешни работи) велат дека сообраќајката се случила на булеварот „Александар Македонски“ и поради тоа сообраќајот се одвива бавно и се пренасочува.
Полициски екипи се на увид на местото на сообраќајната несреќа.