02 Мај, 2024
0.0567

Нелегалната економија и перењето на пари

Објавено во: Економија, Колумни 13 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Една од основните карактеристики на современата економија е глобализацијата. Слободното движење на луѓе, идеи, капитал, стоки и услуги, како и се побрзиот развој на технологијата, прават светот да претставува едно големо село. Глобалната финансиска инфраструктура што ги поврзува земјите, банките и другите институции има големо значење за енормниот пораст на обемот на меѓународната трговија. Глобализацијата на меѓународната економија ги прави глобални и проблемите со кои истата се соочува. Еден од најзначајните проблеми, секако е појавата на нелегалната економија и перењето на пари. Нелегалната економија се состои од сите видови на трговски активности кај кои се појавува даночната евазија. Истата се состои од извршување на нелегални активности (трговија со дрога, оружје, бело робје, коцкање), како и од трговија со легални производи и услуги, при што не се пријавуваат вкупните приходи и доаѓа до избегнување на плаќањето на данок. Една од основните карактеристики на нелегалната економија е употребата на готовинските трансакции кои се извршуваат со цел да се прикрие трагата на криминалните активности. Покрај готовинските трансакции, во оваа сфера се извршуваат и низа на комплексни финансиски операции кои имаат за цел да ги легализираат нелегално стекнатите приходи. Исклучително е тешко да се измери обемот на нелегалната економија. Економистите кои настојуваат да го измерат тој обем често во предвид ги земаат само готовите пари во оптек, заборавајќи притоа дека голем дел од нелегалната економија се извршува преку банкарски сметки во земјите кои претставуваат "даночен рај". Во сферата на нелегалната економија може да се сретне и еден своевиден парадокс. Самиот поим нелегална економија претпоставува дека се работи за слободен пазар, односно дека државните институции не го регулираат и не учествуваат во истиот. Па сепак, не е мал бројот на држави кои самите се учесници на црниот пазар, односно придонесуваат за развојот на нелегалната економија. Производите набавени на нелегален начин можат да имаат пониска или повисока цена од нормалната пазарна цена. Цената на нелегално стекнатите производи е обично пониска од редовната, затоа што кај таквите производи пониски се трошоците за нивно создавање, а избегнато е и плаќањето на данок. Меѓутоа, таков е случајот само кај оние стоки кои можат легално да се поседуваат. Производите чие поседување претставува нелегална активност обично имаат повисока цена од пазарната, затоа што трошоците за нивно илегално создавање се повисоки, а поголема е и опасноста при трговија со таквите производи. Во теоријата и практиката се среќава многу тесна поврзаност помеѓу нелегалната економија и перењето на пари. Субјектите кои своите активности ги извршуваат во сферата на нелегалната економија, настојуваат да ги легализираат своите приходи, со цел да можат непречено да уживаат во стекнатите материјални добра. Затоа, тие преземаат низа активности кои можат да бидат оквалификувани како перење на пари. Проблемот на перењето на пари претставува предмет на интерес и истражување на голем број на меѓународни и национални институции и организации, како и на голем број на експерти од теоријата и практиката. За перењето на пари можат да се сретнат многу дефиниции. Можеби наједноставна, а истовремено и "најпластична" дефиниција е онаа која феноменот на перење на пари го опишува како претворање на "црните" пари во "зелени". Перењето на пари е една од основните активности кои се карактеристични за нелегалната економија. Во минатото, терминот "перење на пари" се однесуваше само на финансиските трансакции кои се поврзани со организираниот криминал. Денес оваа дефиниција е проширена и ги вклучува и оние финансиски трансакции кои генерираат одреден профит како резултат на одредена нелегална активност (даночно затајување, двојно водење на сметководствената евиденција и сл.). Перење на пари можат да вршат поединци, помали или поголеми трговски друштва, корумпирани државни службеници, па дури и цели држави преку системот на оффсхоре банки. Меѓународните организации имаат точно определено кои земји претставуваат т.н. даночен рај, па како такви ги привлекуваат субјектите кои се занимаваат со перење на пари. Во принцип, тешко е да се согледа обемот на феноменот перење на пари во меѓународни рамки. Причина за тоа е што перењето на пари се одвива надвор од вообичаениот опфат на економската статистика. Сепак, може да се направи барем приближна проценка на обемот на перењето на пари. Така на пример, според статистичките податоци на ММФ, обемот на перењето на пари на светско ниво се движи помеѓу 2% и 5% од глобалниот бруто домашен производ. Процесот на перење на пари може да се појави било каде во светот. Субјектите кои се занимаваат со перење на пари бараат географски подрачја каде што ризикот од нивно откривање е најмал, поради неефикасните програми и мерки за спречување на перење на пари. Со оглед на тоа што целта на овие субјекти е да ги легализираат стекнатите финансиски средства, обично истите се насочени во земји со стабилни финансиски системи. д-р Гоце Трајковски

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија