Добивај вести на Viber
Албанската ја усвои одлуката за давање на албански државјанства на сите Албанци по потекло, освен оние од Косово. Владата во заминување предводена од премиерот Сали Бериша, ги донесе процедурите за добивање на албанското државјанство.
Бериша рече дека Албанија е последна држава во регионот и Европа која овозможува давање на државјанство на сонародниците. Тој најави дека албанските министерства за надворешни и внатрешни работи, од 1 август треба да инсталираат систем како да се аплицира и да се добие државјанството.