Нема да има паралелка за акушерки во Македонија само на албански, ќе има и на МАКЕДОНСКИ
Објавено во: Македонија 29 Април, 2023 18:41
Министерството за образование и наука известува дека во вторник ќе се направи измена на конкурсот и ќе се воведе паралелка за акушерки на макаедонски јазик на смерот гинекологија и акушерство. За следната наставна година во Средното Медицинско Училиште на Град Скопје “Д-р Панче Караѓозов” предвидена е само една паралелка на албански јазик.
Ваквата одлука следува по бурната реакција на родители и на асоцијацијата на медицински сестри, од каде велат дека три години по ред е оваа дискриминаторска пракса на која треба да и се стави крај.
„Конкурсот за упис во средно образование во учебната 2023-2024 година е исто така заеднички дефиниран, но сепак, постои време и простор за измени. Во таа насока, иницијативата на СУГС Д-р Панче Караѓозов“ е веќе разгледана и информираме дека ќе биде прифатена, односно ќе се отвори и паралелка на македонски наставен јазик за профилот гинеколошко акушерска сестра“, објавија од МОН во вестите на Сител.
Иако директорката на училиштето Маја Салиу рече дека наставните програми за акушерка и медицинска сестра се слични, Гордана Бешлиоска, претседателка на Унија на здруженија на медициснки сестри, вели дека клиниките и болниците точно знаат каков кадар им е потребен и дека конкурсите за вработување се конкретни.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




