26 Ноември, 2024
0.0278

НЕМА КУПУВАЧ ЗА УПРАВНАТА ЗГРАДА НА „БЕТОН“?! – објектот и понатаму се нуди за продажба

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Управната зграда на некогшниот градежен гигант „Бетон“ во Скопје, која по покренувањето на стечајната постапка се најде на продажба преку „НЛБ“ и понатаму го чека својот нов сопственик.

Иако станува збор за квалитетен објект, неговата продажба заглави. Причината за ова може да лежи во вредноста на објектот, но и во фактот дека тој се продава заедно со помошни подвижни предмети, или пак во намената на објектот.

Зградата беше огласена за продажба од страна на споменатата банка уште лани веднаш по отворањето на стечајната постапка, на почетокот на мај, но и покрај фактот што поминаа десет месеци од огласувањето, таа и понатаму се наоѓа на нивната листа на имоти кои ги продава.

Зградата се наоѓа во близина на централното градско подрачје, веднаш позади Министерството за економија, со сопствен паркинг простор.

-  Во извршна постапка се продава недвижност во Скопје, Управна зграда Бетон, на ул. М.П.Јорданов бр.32 А, запишана во ИЛ 25 КО Центар  2. Недвижноста се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија. Недвижноста лежи на КП бр.5, дел 2, Лист Б, Г3/ГИЗ и ГЗ/ЗПЗ 1 со вкупна  површина од 1.942 м2, Лист В, бр.на зграда 1, со вкупна површина од 4.037 м2 , Имотен лист бр.25 за КО Центар 2, како и дел со незапишани права на кат 3 со површина од 302 м2. Моменталната вредност за недвижноста изнесува 4.952.967,00 ЕУР – пишува во огласот поставен на веб страната на „НЛБ банка“.

Како што веќе е познато, за овој обект банката побарува пет милиони евра, а во рамки на објектот се наоѓаат подвижни предмети, машини и опрема – канцелариски мебел и систем за видео надзор, систем за заштита од провала и кражба, систем за заштита од пожар, лифтови, комплет систем за греење и ладење – климатизација и вентилација, чија вредност е проценета на 318.963 евра.

Фактор лани прв објави дека обејктот на „Бетон“ се нуди на продажба за цена од пет милиони евра, откако компанијата се најде во незавидна позиција, поради доцнење на платите на вработените, беше покрената стечајна постапка со која всушност беше ставен крај на некогашниот градежен гигант.

Уште пред отворањето на стечајната постапка, компанијата во извештаите до берзата призна дека има проблеми, па дури и постоеше план компанијата сама да ја продава управната зграда со цел да ги подмири долговите.

Дополнително, од компанијата преку ценовно чуствителна информација до Берзата информираа дека ќе ги исплатат обврските кон доверителите, и покрај, како што кажаа некоректното однесување на институцитие и брзањето на банките да ги наплатат кредитите.

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија