Зградата на „Бетон“ на банкарски оглас за 5 милиони евра
Објавено во: Економија 08 Мај, 2023 12:41
Управната зграда во Скопје на некогашниот градежен гигант „Бетон“ се продава за 5 милиони евра во банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка. Деловниот објект што се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија е изграден во 2012, а НЛБ Банка го проценува на 4.952.967 евра.
„Во рамки на недвижноста се наоѓаат подвижни предмети, машини и опрема – канцелариски мебел и систем за видео надзор, систем за заштита од провала и кражба, систем за заштита од пожар, лифтови, комплет систем за греење и ладење – климатизација и вентилација, со моментална вредност од 318.963 евра“, пишува во огласот на банката.
Компанијата лани, кога се уште беше сопственик на деловно административната зграда, на вонредно акционерско собрание, во една од точките предложи продажба на овој недвижен имот. Во план беше откако ќе се усвои предлогот, да се прави проценка на имотот и да се објави оглас за да се најде купувач.
Откако пред нешто повеќе од една недела судот го прифати барањето за отворање стечај, Берзата соопшти дека акциите на таа компанија нема веќе да котираат, а како причина е наведена токму стечајната постапка. Практично, податоци за Бетон веќе не можат да се најдат на Берзата, и таа компанија веќе не фигурира како издавач на акции на пазарот на капитал.
Фактор веќе објави дека на судкото рочиште што се одржа кон крајот на минатиот месец, судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај врз Бетон, поради неисплатените повеќе од осум плати, како и два регреси за годишен одмор. Оваа информација ја соопштија од Сојузот на синдикатите на Македонија.Инаку, градежната компанија, лани преку ценовно чувствителна информација на Берзата ја информираше инвеститорската јавност дека таа ќе успее да ги исплати сите обврски што ги има кон доверителите, и покрај, како што рекоа, некоректното однесување на државните институции, но и брзањето на деловните банки да ги наплатат своите кредити.
Во моментов не е познато дали има и други банкарски огласи за преостанатиот имот на „Бетон“, како што тоа би било неговата механизација, или пак за имотот на неговите фирми-ќерки.
А,К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




