НЕМА КУРТУЛ ОД СТУДОТ: Следниот викенд доаѓа нов студен и влажен бран
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2025 06:30
Во периодот кој што е пред нас, односно до петок (28 февруари) во нашата Република Македонија ќе имаме променливо време со повремени локални послаби врнежи од дожд, додека на планините и на Скијачките центри повремено ќе провејува снег. Ќе биде релативно тивко и без некој изразен ветер, а во утринските и повторно во ноќните часови ќе има услови за појава на магла по котлините, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Слично време ќе имаме и во Скопскиот регион, променливо и со услови за појава на магла наутро и повторно во ноќните часови. Ќе има услови и за повремен локален послаб дожд.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе бидат околу, или за неколку степен над нулата, а само на високите места, планините и на Скијачките центри тие ќе бидат за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури пак до петок (28 февруари) ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека во југоисточните предели температурата повремено ќе се искачува и до околу 15 степени.
И во Скопје температурата овие денови ќе се искачува до околу 15 степени.
За време на викендот, односно на први и на втори март ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови значително заладување на времето, пообилни врнеи од дожд, кој полека ќе преминуваат во снег, најпрвин на Скијачките центри, планинските места и повисоките населени места, потоа и во дел од градовите, особено во западните и во северните предели од нашата Македонија“,објави тој.
Фото:ПиксабејМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




