05 Декември, 2025
0.0362

НЕМА НОВИ ВРАБОТУВАЊА, РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, МЕБЕЛ И ВОЗИЛА - Владата ги крати непотребните трошења, парите ќе одат за Клинички

Објавено во: Економија, Корона Вирус 02 Април, 2020 06:30

Добивај вести на Viber

Како што и најави, министерката за финансии вчера и пеедложила на Владата, а таа прифатила, кратење на голем број непродуктивни трошоци. Главната причина за овој чекор е како земјата да се справи со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Забранети нови вработувања, на минимум сведени расходи за репрезентации и реклами, да нема К 15 за вработените во јавниот сектор, да нема набавки на мебел и возила, а да штедат и јавните претпријатија и АД во државна сопственост.

Еве какви заклучоци донела Владата на вчерашната седница.

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор, но и во други сектори битни за справување со коронавирусот.

За сите трајно испразнети работни места (пензионирања и други заминувања по различни основи) да нема прием на нови вработувања. Доколку се утврди неопходност за пополнување на некое работно место, истото да се пополни од институции каде што има суфицит, а доколку нема таков кадар по институциите, за ангажирање на лицата да одлучува Владата. Да не се стопираат веќе почнатите постапки за вработувања, за кои има согласност од Министерство за финансии, а за издадените согласности за кои не се започнати постапки за вработувања, да не се започнуваат.

Натаму, Владата одлучила расходите за репрезентации, спонзорства и реклами да се сведат на минимум во јавниот сектор. Колективниот договор за култура во кој се регулирани сите права да се пролонгира до крајот на 2020 година.

На вработените во јавниот сектор да не се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година, како и да не се реализираат другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година.

Исто така, според одлуките на Владата, во текот на оваа година времено се забранува набавка на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза од КОВИД-19, освен за оние за кои има дозвола од Владата.

Владата ги задолжила јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 отсто за 2020 година и за тоа да ја известат Владата. Таа до крајот на 2020 година ги задолжува буџетските корисници и единките корисници да ги почитуваат мерките за намалување на расходите.

Исто така, на општините, јавните претпријатија, АД во државна сопственост и останати субјекти во јавен сектор им се препорачува да ги почитуваат донесените мерки за намалување на расходите, како и да се воздржат од помалку суштинските расходи кои не придонесуваат во справувањето со коронавирусот.

На седницата Владата донела и Одлука за субвенционирање на каматата спрема Европската инвестициона банка, која ќе се пресметува на преостанатиот дел од заемот во износ од околу 51 милиони евра, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти.

Примарна цел на оваа кредитна линија е обезбедување свеж капитал за поддршка и за надминување на проблемите кои директно го погодуваат работењето на малите и средните претпријатија, со цел да се стимулира нивното работење, обезбедување на ликвидност, зачувување на работните места, како и задржување на конкурентната позиција на компаниите.   

Ќе се редизајнира и Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) и Кредитната линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел ставање на средствата во функција на намалување на последиците од коронавирусот, со препорака Развојната банка олеснетите услови да ги примени во Јавниот повик во најкраток можен рок.

Владата ја донела и Уредбата со законска сила за финансирање на реконструкцијата на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје, за време на вонредна состојба. Со неа се утврдуваат пари во висина од близу 1,3 милиони евра за да се обезбеди поефикасно функционирање на Клиничкиот центар за укажување здравствени услуги, пренесување и транспорт на пациенти заболени од КОВИД-19 и непречено функционирање на останатите клиники, во услови на зголемен обем на работа за време на вонредна состојба.

Финансиското учество на Владата е за трошоци за реконструкцијата на улици и тротоари, пробивањето на нови влезови, одвојување на автомобилскиот и пешачкиот сообраќај и непречено движење на интерхоспиталните и интервентните возила и возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје.

„Средствата утврдени со оваа Уредба Министерството за финансии ќе ги префрли на Град Скопје, кое ја реализира реконструкцијата во координација со Јавните претпријатија основани од Градот Скопје“, наведуваат од Владата.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември