Нема патување во Грција до 14 декември
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Ноември, 2020
За туристите и странските државјани за кои нема забрана, овозможен е влез на грчка територија преку Бугарија, преку грчко-бугарскиот премин Промахонас-Кулата и тоа со негативен тест за коронавирус не постар од 72 часа. Останатите гранични премини, како Евзони со Македонија, Какавија со Албанија и Кипи со Турција, остануваат отворени само за одредена категорија и тоа со негативен ПЦР тест.
Забраната не важи за грчките државјани, за лицата кои имаат дозвола за престој во Грција, за лицата кои живеат во Грција, за влез на лица поради неопходни професионални или медицински причини кои имаат специјални документи, како и за возилата кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција кои припаѓаат на дипломатскиот, воен и административен персонал на земјите членки на ЕУ. Од забраната се изземени државјаните на земјите членки на ЕУ, на Шенген зоната, како и на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Уругвај, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур.
Во Грција вирусот е дијагностициран кај повеќе од 100.000 луѓе, а починаа над 2.000.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.