15 Декември, 2025
0.0475

„НЕМА ПОЛИТИЧКА АГЕНДА“: Мицкоски за законските измени за намалување на прагот на репрезентативност на Синдикатите

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2025 11:38

Добивај вести на Viber

Нема никаква политичка агенда во намалување на прагот на репрезентивноста на синдикатите, туку тоа е резултат од разговорот на последната средба со сите синдикати, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, зошто со законски измени се намалува условот за репрезентативност на синдикатите.

- Тоа беше резултат од разговорот од последниот пат кога бевме со сите синдикати, заедно дека имаме два синдикати реално во Македонија, коишто се на терен и тие два синдиката за да нема кој е внатре, кој не е внатре, па за да нема кој има резпрезентативност, кој нема, сите да бидат во рамките на Економско-социјалниот совет и да има еден дијалог, којшто таму ќе се случува внатре. 

Така што тоа не е нешто коешто е некаква политичка агенда - изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Фактор денес објави дека до македонското Собрание доставен е предлог закон со кој се намалува од досегашните дест отсото од вкупниот број на вработени во земјава, синдикалните здруженија во иднина ќе можат само пет отсто од вкупниот број на вработени да бидат репрезентативни. 

Законот се менува на предлог на група пратеници од владејачката коалиција и тие веќе ги имаат доставено предлог измените во Законот за работни односи. 

Воедно денеска Мицкоски на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за растот на БДП споредено со другите земји од Европа посочи дека очекува да бидеме меѓу првите земји по економските резултати. 

- Очекувам конечно и првиот квартал од оваа година да покаже едно консолидирање, да бидеме во првите пет-шест, би рекол економии во Европа, во првиот квартал според процентот од Бруто домашниот производ на раст, да речеме би се задржал на онаа бројка што од порано ја имам комуницирано, помеѓу три-четири проценти, но да видиме деновиве, претпоставувам ќе се објави и таа бројка - посочи премиерот.

Фото: Архива

Можеби ќе ве интересира

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета