Добивај вести на Viber
Нема да има поскапување на водата во Скопје, соопшти денеска директорот на ЈП Водовод и канализација, Стојан Србиновски. Според него со моменталната цена , претпријатието работи рентабилно и не се размислува за нејзина корекција,
Како што информираше Србиновски, наплатата во Скопје се движи околу 80%, а технички загуби на вода се околу 38% отстои е над просекот кој изнесува до 25 % отсто. Сепак, посочува тој, во Скопје има доволно вода за пиење.
„Жителите на Град Скопје пијат чиста, здрава и квалитетна вода, без хемиски препарати и без пречистителни станици и без потреба од третман, освен законската обврска за хлорирање на водата која стигнува до граѓаните. Овој благодет освен скопјани го имаат само жителите на Виена“, истакна директорот на претпријатието.