Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија
Објавено во: Економија 15 Мај, 2025 15:02
Овие денови македонските обложувачи повеќе не може да играат на странските веб платформи. Некои медиуми веќе објавија дека недостапен е и најголемиот и најпознатиот европски сајт за „кладење“ – Бет365. Оваа интернет страница повеќе не може да се отвори од македонска ај-пи адреса, со оглед што е меѓу тие за кои Владата изгласа забрана за работа во нашата држава како нелегални.
„Го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа, на кои биле прикачени македонски играчи на игри на среќа. Овие се најактивните, што значи дека имаат најголем број на играчи и најмногу средства“, соопшти пред неколку дена министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Во моментов единствена легална онлајн-платформа за обложување има Државната лотарија преку Мегавин.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




