02 Мај, 2024
0.0264

Нема  развој со потценување на демократските процеси

Објавено во: Економија, Колумни 09 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Се поочигледен станува фактот дека  граѓаните во Македонија почнаа да не се воодушевуваат на информациите за остварените стапки на економски раст . Имено, за прв пат во последните десеттина години неповолните политички настани ги надвјасаа позитивните инфoрмации од тековните стопански движења кои власта како и досега не испушти да ги афирмира. Сме оствариле релативно високата стапка на раст на БДП,   порастот на индустриското производство и порастот на извозот, намалување на цените на мало. Се е тоа така, но тоа се само статистички податоци, од кои бенефит  имаат само оние кои ги презентираат, а не и оние кои директно треба да го почувствуваат нивниот ефект.

Со спласнувањето на ентузијазмот од „највисоките стапки“ во соседството и во Европа, на јавната сцена драстично се зголеми интересот за ефекти од таквите растови, особено што за овие „виртуелни успеси“ укажуваат и  реномираните институции, токму оние кои што истакнуваа дека  остварените стапки се меѓу највисоките остварени во Европа. И покрај позитивните резултати животниот стандард на вработените и населението се недоволни да ја помрднат земјата од дното на сиромаштијата во Европа  и да го сопрат иселувањето на населението, особено на младите. Тоа сериозно го релативизира успехот остварен со динамиката на економскиот раст  и го постави во преден план прашањето  за вкупниот развој на земјата, за односот меѓу растот и развојот и за потребата  растот да биде во функцијата на развојот.

Се случува неизбежното. Кумулирањето на политичките проблеми во општеството ја потисна економијата на „најекономската влада“ (која не ја засега застојот, па и назадувањето на демократските процеси) во историјата на независна Македонија. Неочекувано, по логиката на општествените закони,  сепак, дојде до точката кога прашањата на демократијата избиваат во преден план, пред економијата. Тоа е факт, но зошто тоа се случи?

Капката што ја прели чашата- од економија да се свртиме кон политика- нема сомнение,  е во сознанието според кое од релативно добрите резултати во економијата не се офајдија ни оние кои придонесоа да се зголеми БДП, индустриското производство, извозот..., да не зборуваме за вкупното население. Просечните лични доходи се меѓу најниските во Европа, пензиите истотака, социјалните принадлежности се под минималните социјални потреби, а во истовреме буџетското трошење достигна речиси три милијарди евра, вклучувајќи и постојан пораст на буџетски дефицит, кој генерира и пораст на долгот кон странство. Бурата ја создадоа инфромациите според кои нееднаквоста  во земјата постојано се зголемува (богатите стануваат се’побогати, а сиромашните се’ повеќе осиромашуваат), а коефициентот на нееднаквост во земјата е меѓу најголемите во светот.

Таквите сознанија го изнудија прашањето за тоа каква е таа демократија кога резултатите од растот (на што се насочени огромни средства) ги чувствуваат само политичките и бизнис елити. Впрочем, очекувано е, во вистинска демократија, да се обезбедува јакнење на средната класа. Нејзинито разбивање е знак на нарушување на демократските принципи во функционирањето на општеството, дури и во услови кога политичките елити се избираат, формално, на демократски начин (и со помалку од мнозинство од гласачкото тело).  Избраните (побогатите или партиските војници), по логика на нештата, најпрво ги бранат своите лични или групни интереси. Затоа, постојаното зголемување на нееднаквоста е секако израз и на деформирањето на демократските принципи на владеење. Во овој контекст не се случајни ниту настаните во македонското Собрание од декември 2012 година, ниту партизирањето на државата, ниту контролата на судството и медиумите, ниту досега невидената популистичка политика.  Се’  се тоа последици на едностраните политики (насочени кон економскиот раст по секоја цена) во развојот на земјата, последици на потценувањето на демократските процеси. А настаните покажуваат дека растот, без развој на вкупните односи во општеството (особено во распределбата на БДП), лесно може да доведе до поткопување на демократијата во земјата, а тоа да ги наруши очекуваните ефекти од економскиот раст.

Очигледно е дека последниве години се создаде критична маса за отпор на популистичкото и автократско дејствување на носителите на власта. Тоа се случи дури и во услови кога земјата прикажува релативно добри краткорочни резултати (во однос на другите, но не и во однос на нас самите). Што е важно што растеме, кога сиромаштијата и покрај социјалата е нездржлива, а условите за живеење се’ повеќе се оптоваруваат со невидени политички притисоци од позиција на власт (вклучувајќи и втиснување и страв) наспроти декларираните демократски принципи на владеење, со што се изместува основата на системот.

Крајно време е да се воспостават оптимални односи меѓу економијата и демократријата во земјата. На долг рок тие не можат една без друга. Така е секаде во светот. И кај нас се покажа дека е кус дострелот на економскиот раст ако не се остварува во демократски амбиент. Не може да се игнорираат и/или потиснуваат    прашањата што се поставуваат во врска со неефикасноста во развојот (што добиваме за тоа што вложуваме), за се’ уште висока корупција, за игнорирање на законитоста во работењето на јавните институции и претпријатија, особено за нивната нетранспарентност во работењето  и тн. Меѓутоа, се разбира, ваквиот пресврт бара преиспитување на постојниот модел на развој кој досега беше сведен само на обезбедување на динамиката на економскиот раст, но за жал така спроведуван, не даде резултати со кои би почнале да ги намалуваме разликите во развиеноста со земјите во чие друштво настојуваме да се најдеме во наредниот период.

Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија