НЕМА СУБВЕНЦИИ ЗА ОЏАЦИТЕ-ОНЛАЈН НЕ МОЖЕ ДА СЕ АПЛИЦИРА, ДОКУМЕНТИТЕ ФИЗИЧКИ НЕ ГИ ПРИМААТ: „Данела е целосно неподготвена за Градот“

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2022 07:43
Граѓаните на
Скопје брзаат до крајот на ноември да ги поднесат потребните документи со кои
сакаат да аплицираат за субвенции кои ги дава градот Скопје за чистење на
оџаците. Но, за Фактор велат дека имаат сериозен проблем. Документите мора да
ги поднесат само електронски, но страницата не функционира. Истовремено, се
обиделе и директно да ги достават документите во една од бараките на Град
Скопје, но таму не им ги примаат, укажувајќи дека аплицирањето е само онлајн.
-За таа симболична сума од 1.200 денари, која впрочем нам пензионерите и тоа како ни значи, се малтретираме со денови. Јас платив за чистење на оџакот 2.000 денари, зошто да не добијам 1.200, па чистењето да ми излезе само 800 денари. Живеам од пензија и секој денар ми значи. За да аплицираме онлајн замолуваме внуци, помлади соседи, пријатели кои знаат со компјутери, но, овој пат и ним не им успева аплицирањето, бидејќи тоа не функционира. Не може да се поднесат документите. Бидејќи на тој начин не можеме да доставиме документи, повторно истите наши блиски луѓе ги замоливме да ги однесат документите директно во Градот. Таму им рекле дека не смеат да им ги примат и дека ако сакаат субвенции, мора само по електронски пат. Конкретно, мојот внук им укажал дека таа платформа не функционира, а на тоа добил одговор дека не е прв што се пожалил, но дека едноставно нема друг начин да се добие субвенција. Ова, според мене значи дека воопшто нема да има субвенции за чистење на оџаците заради технички проблеми и неспремност на службите во градот ова да го решат. Градот Скопје, раководен од актуелната Данела никогаш не бил во покатастрофална состојба. Неа воопшто не и е грижа ниту за градот, ниту за нас граѓаните, жената е целосно не снајдена во раководењето со главниот град, вели пензионерот Петре. Л од Скопје.
Извори за Фактор од Град Скопје потврдија дека постои технички проблем, посочувајќи дека може да се најде решение, но дека градоначалничката воопшто не разговара со службите во градот, и тоа не само за ова прашање, туку и за други сериозни проблеми.
-Фирмата која беше задолжена да ја направи платформата го исполни целосно својот договор и тој договор веќе заврши. Сега е потребен нов тендер со цел да се избере компанија која ќе ја одржува и сервисира редовно платформата за да не се соочуваат граѓаните со ваков технички проблем. Но ниту тендер е распишан, ниту пак ИТ службите во Градот можат да го решат овој проблем. Истовремено, документите физички не им ги примаат на граѓаните, бидејќи во повикот кој беше објавен уште во јуни беше прецизирано дека аплицирањето е само електронски. Инаку, има доволно средства за сите што аплицираат за чистење на оџаците. Овој проблем може многу едноставно да биде надминат, да се ангажира надворешна фирма со договор на дело, а постојат и уште еден куп други начини како тоа да се реши без да се направи каков било правен прекршок, но градоначалничката едноставно не разговара. Во тоа е најголемиот проблем. Бројката на граѓани не е голема, а сумата е навистина симболична, брифира изворот за Фактор.
Дел од граѓаните кои се обидуваат да аплицираат за субвенции се обратиле исто така до градоначалничката со мејлови, но досега немаат никаков одговор.
Инаку, во повикот за аплицирање за субвенции за чистење на оџаците детално е објаснето зошто е тоа навистина важно.
Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Градот Скопје, е нарушениот квалитет на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно одржување на оџаците.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
ПРИ ПРЕТРЕС ВО ВОЗИЛО ПРОНАЈДЕН РАНЕЦ СО МАТЕРИЈАЛИ НА МВР: кривична за полициски службеник

ПОЛИЦИЈАТА ГО САНКЦИОНИРАШЕ ВОЗАЧОТ КОЈ ВОЗЕШЕ ПО ТРОТОАР - снимката беше споделена на социјалните мрежи

ИНВЕСТИТОР ОД СТРУГА ГРАДЕЛ НА ЗАШТИТЕНО ЗЕМЈИШТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - доби кривична пријава од МВР

НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ СЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО И ПОНАТАМУ СЕ ИНТУБИРАНИ - шест пациенти денес се враќаат во Македонија

ВОЗЕЛ СО 173 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - МВР го уапси „бесниот“ возач од Вруток
„УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА АНДОНОВСКИ“: СДСМ обвинува за нов случај на непотизам

„СЕ ОДЈАВИ НАШИОТ БРАТ ДИМИТАР“: Ленин Јовановски сподели тажна вест 'многу ќе ни недостасува'

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата
