НЕМА ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР: Германски виролог вели дека коронавирусот е најмалку четири пати поопасен од грип
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Септември, 2020
Професорот Хендрик Штрек, ги побива сите теории на заговор поврзани со коронавирусот.
Штрек, кој работи и како директор во Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника во Бон, смета дека тезите дека коронавирусот не е опасен се погрешни.
Тој ги побива сите теории што се шират од одредени заговорници, дека фармацевтската индустрија, преку коронавирусот, сака да заработи повеќе пари.„Сите досега спроведени студии, како оние во САД, недвосмислено покажуваат дека смртноста од коронавирусот дефинитивно е поголема од обичниот грип“, вели Штрек.
Објаснува дека коронавирусот е најмалку четири пати поопасен од сезонскиот грип. Сепак, треба да се земе предвид на кој дел од популацијата се прават тестовите.
„Тоа е вирус кој мора сериозно да се сфати, но сепак не
треба премногу да се драматизира“, вели Штрек.
Штрек ги негира тврдењата дека вирусот досега мутирал толку пати што
вакцината воопшто не може да помогне.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.