Нема термини за тестирање, министерот уверува дека викендов ќе се тестира со полн капацитет и без паузи
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2020
Се чека за термини за тестирање за присуство на корона вирусот - речиси насекаде во државата. Во некои градови граѓани кои имаат симптоми не можат да се тестираат и по неколку денови, а потоа долго ги чекаат и резултатите. Зголемениот број на заболени го отвори прашањето за издржливоста на системот и во однос на тестирањата но и за капацитетот на болниците. Денеска министерот Венко Филипче договори дел од интерните клиники да отстапуваат свои капацитети за лекување на ковид пациенти Настапува мобилизација во функција на Ковид-19 иако здравствените власти не сакале да се запостават и другите болни.
Министерот Филипче вели дека веќе од денеска кога е празник па и утре и задутре за време на викенд ќе има многу повеќе термини за тестирање. Тој препорачал персоналот да работи без паузи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.