19 Декември, 2025
4.8039

Нема успешен закон за основно образование без стандард на квалификација во него

Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2019 14:05

Добивај вести на Viber

Деновиве сме преокупирани со новиот Закон за основно образование кој влезе во собраниска процедура. Претходно, како што е редот, имаше јавни дебати, дел од забелешките се земени во предвид, но секој го кажа своето мислење!

На крај ќе излезе дека сите сме задоволни!

Но, во суштина, дали е така? Споредувајќи го стариот, со новиот Закон за основно образование, изгледа дека навидум се исти, но во новиот Закон за основно образование одредени членови се дообјаснети и групирани по наслови со кои се воведуваат или дообјаснуваат некои процеси. Во Законот е внесен наслов со кој е опфатена инклузивноста на учениците како процес, која ги зема предвид различните индивидуални потреби за развој на учениците, давајќи еднакви можности на сите за квалитетно образование, што е за пофалба. Од друга страна, загрижува фактот дали имаме доволно ресурси и капацитети да се оствари тоа што е напишано во законот? Таму стои дека инфраструктурата, добрата, наставниот план и програма, индивидуализираната поддршка, треба да бидат разумно приспособени, што нема да предизвикува несразмерно или непотребно оптоварување. И тука се поставува прашањето: што е разумно приспособување и што е несразмерно или непотребно оптоварување кога мора да се адаптира инфраструктурата, да се воведат информатички технологии и помагала или да се вработат психолози, дефектолози, образовен/личен асистент, специјален едукатор... Со инклузивниот пристап не смееме да експериментираме или да импровизираме, туку навистина мораме да бидеме подготвени со сите ресурси и капацитети за таков пристап, во спротивно импровизацијата ќе не` чини поскапо.

За пофалба е членот 43, со кој е опфатена професионалната ориентација на учениците од основното образование, што е многу важно за насочување на учениците кон идното занимање во согласност со нивните способности и афинитети. Овој член ќе поттикне да се развие свеста кај сите чинители за следење и професионално насочување на ученикот кон идното занимање, уште од раните години. На таков начин ќе се добие кадар од кој ќе има придобивка и самиот поединец - ученикот, родителот, реалниот сектор и општеството во целина и нема да се создава кадар кој не е баран на пазарот на труд. Сосема ни е јасно дека без реалниот сектор нема економски раст и затоа мора да му се обезбеди квалитетен кадар.

Но во моментов фокусот треба да го ставиме нанаставната програма која мора да се заснова на Стандардот на квалификација. Стандардот на квалификација не е споменат во ниту еден член од законот, а без стандард на квалификација, нема наставна програма со резултати од учење. Стандардот на квалификација е јазикот на образованието, во кој се опишуваат основните знаења, функционални вештини и компетенции изразени преку резултати од учењето што се потребни ученикот да ги стекне за да биде оспособен за својот живот. Во наставната програма се преточени резултатите од учењето и како истите да се постигнат и да се вреднуваат.Резултатите од учењето одговараат на описите на резултатите од учење на Ниво I на Националната рамка на квалификации и се поврзуваат со Ниво I од Европската рамка на квалификации . Без стекнување квалификација од прво ниво (ниво I) од Националната рамка на квалификации не може да се дозволи влез за стекнување квалификација од второ ниво (ниво II) или квалификација од четврто ниво (ниво IV) средно стручно или гимназиско образование.

Во Законот не се споменува ниту свидетелство за завршено основно образование, документ кој покажува дека ученикот завршил еден циклус од образованието, пред да премине во следниот циклус на образование, средното образование и додаток на свидетелството во кои се опишани резултатите од учењето . Свидетелство за завршено основно образование и додатокот на свидетелството се доказ дека е стекната квалификација од прво ниво (ниво I) од Националната рамка на квалификации, од каде може да се прочита за што е оспособен ученикот со стекнатата квалификација.

И така, секогаш правиме реформи кои подоцна законите не` ограничуваат да ги спроведеме во дело. Доколку не се внесе квалификација од прво ниво од рамката и Стандардот на квалификација не можеме да зборуваме за флексибилност на образованието според релевантните потреби на пазарот на труд и напредокот на технологија, за дуално образование, за квалификации според потребите на бизнис заедницата, ниту за високообразовните квалификации. Можеби законот треба да се доработи или можеби да се дополни. Собранието е на потег!

м-р Наташа Јаневска, самостоен советник
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка