Нема веќе лажги: Кој има кола, нема социјална помош
Објавено во: Економија 24 Ноември, 2012 18:47
Преку потпишување на Mеморандумот за соработка, полицијата и социјалните служби ќе ја олеснат електронска и писмена размена на податоци со цел да се олесни пристапот на граѓаните до услугите, но и да се намалат можностите за злоупотреба на државата во случаите кога граѓаните со лажни или нецелосни податоци аплицираат за добивање социјална помош.
Како што појасни министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, отсега министерствата ќе си разменуваат податоци за документите кои корисниците на социјална помош досега беа должни самостојно да ги обезбедат од МВР и да ги достават до надлежните центри за социјална работа, како потврда за поседување регистрирано моторно возило, потврда за постојано место на живеење, како и потврда за постојано место на живеење во Македонија последните три години пред поднесување на барањето. „За остварување одредено право граѓанинот треба да има приходи под определено ниво, да нема имот на свое име, да не поседува моторни возила,... Но, евидентирани се случаи кога еден од овие услови не бил исполнет, а е доделена социјална помош поради непостоењето директна размена меѓу институциите, односно неможноста брзо да се провери дали документацијата соодветствува на фактичката ситуација. Притоа, некое лице добива права кои не ги заслужува за сметка на друго иако подоцна може ваквото решение да се поништи и да се побара одговорност, објасни министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Според неа, ако некој тврди дека нема возило или можеби поседува потврда за тоа со постар датум од периодот кога навистина немал, Минисетрството за труд ќе може веднаш, во истиот момент, да провери дали ваквиот податок е точен или не и соодтвено да постапи. Во насока на комплетно реализирање на едношалтерскиот систем чија крајна цел е олеснување на постапките за остварување и користење права од социјалната сфера, Министерството за труд, освен денешниот меморандуб со Министерството за внатрешни работи, претходно потпишуваше меморандуми за соработка и со Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар, Фондот на ПИОМ, Агенцијата за вработување и со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“





