17 Јануари, 2025
0.0275

Нема веќе минување граница со диви превозници, привремено одземени 200 возила

Објавено во: Економија 07 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Повеќе од 200 возила на превозници кои нелегално превезувале патници се времено одземени во периодот од март до декември, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски. Како што изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески при контроли на 102 субјекти во патниот сообраќај  од јуни досега се  изготвени 2.393 записници за отстапувања од законската регулатива, издадени се 62 покани за наплата на глоба и 341 платни налози за лицата кои ги прекршиле законските одредби. Надлежните инспектори поднеле и 654 барања за поведување прекршочна постапка до надлежните судови, а 385 барања се поднесени до надлежната комисија за прекршоци во Министерствотро за транспорт и врски. Според Министерот, ваквите акции имале ефект за што доказа е зголемената продажба на автобуските билети за 40 проценти,  а со отстранување на дивите превозници , според него се подобрил превозот, намалила нелојалната конкуренција, а исто така и се зголемил приходот во Буџетот по основ на ДДВ. Како што информираа од Министерството за транспорт, следен проект е воспоставување на листа на сомнителни или на превозници што претходно правеле прекршоци со што ке може веднаш да се види дали превозникот кој е на граничниот премин во меѓувреме извадил лиценца или се уште вози без лиценца. Исто така, како што најави директорот на  Царинската управа Ванчо Каргов, од 2013-та  ќе се воспостави систем преку кој ќе може да се добиваат информации од воспоставениот  систем за автоматско читање на регистерските таблички на граничните премини директно во системите на Државниот  инспекторат за транспорт. Тој информираше дека проектот се работи, а сите решенија и сознанија што  инспекторатот за транспорт ги  има официјално се внесуваат во електронскиот систем на Царинската управа. При прво нивно читање на влез или на излез на  границата од страна на автоматските читачи веднаш алармира во т.н стоп листа дека некој  има забрана или каков било пропуст поради кој мора да биде прегледан, вратен назад или да бидат информирани автоматски преку СМС  или преку имејл надлежните инспектори за транспорт, појасни Каргов.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја