08 Декември, 2025
0.0300

НЕМА ВЕЌЕ НЕИСКОРИСТЕНИ СРЕДСТВА – во Собрание измени на Законот за концесии, Владата ќе може да ги пренамени „вишокот“ пари

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2024 07:45

Добивај вести на Viber

Законот за концесии и јавно приватно партнерство ќе се менува со цел да се создадат услови за промени на договорите преку анекси и искористување на неискористените средства од еден за друг проект, односно да се пренаменат.

Како што наведуваат од Министерството за енергетки, кои се предлагачи на законските измени, со нив ќе се озоможи да се создадат околности договорена обврска, планираните средства да се искористат за други проекти од јавен интерес, се до целосно искористување на средствата.

- Со предложеното законско решение се врши дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, со одредби, кои се однесуваат на измена на договорот односно склучување на анекс на договорот за концесија, во случаи кога ќе се создадат околности од кои исполнувањето на договорената обврска помеѓу договорните страни за дел од договорот за концесија нема да е целисходен, односно нема да ги даде очекуваните резултати. Да постои можност планираната инвестиција за тој дел од договорот да се искористи за други проекти од јавен интерес, која ќе се финансира со остатокот од неискористените средства предвидени со одлуката со која се врши промена на намената на дел од средствата – се нагласува во предлог измените доставени до пратениците.

Посочено е дека со овие измени се врши дорегулација на одреби од Законот кои се однесуваат на измена на договорот за концесија. Се уредува можноста за измена на договорот за концесија од страна на Владата, а по претходна направена анализа на проценка на економската и функционалната оправданост и обезбедена согласност од концесионерот. Може да донесе одлука за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата.

За таа цел Владата може да донесе одлука со која ќе се утврди намената на средствата, износот на средствата кои биле потребни за спроведување на дел од предметот на концесијата, начинот и динамиката на реализацијата на намената на средствата, согласно со правата и обврските на концесионерот утврдени со веќе склучениот анекс на договорот за концесија.

Со измените е дефинирано дека можноста за склучување на анекс на договорот за концесија ќе важи три години од денот на влегување во сила на Законот, во кој период Владата како концедент може да го измени договорот согласно одредбите на Законот. Концесионерите кои до денот на влегувањето во сила на овој закон, имаат склучено анекс на договор за концесија можат да склучат нов анекс согласно одредбите од овој закон во рок од три години.

- Кога средствата согласно склучениот анекс не биле целосно искористени во предвидениот рок поради непредвидени околности, врз основа на претходно направена анализа на проценка на економската и функционалната оправданост и по претходна обезбедена согласност од концесионерот, Владата на Република Северна Македонија може да донесе одлука за склучување на анекс на договорот за концесија за дореализирање на тековните проекти односно за промена на намената на делот од средствата, со цел нивно доискористување за инвестирање во проекти од јавен интерес – се наведува во предлог измените доставени во Собранието.

Притоа е посочено дека анализата за проценка на економската и функционалната оправданост ја изготвува Владата. Во одлуката се утврдува намената на средствата, износот на средствата кои биле потребни за спроведување на анексот на договорот за концесија, како и начинот и динамиката на реализацијата на доискористување на средствата кои не биле искористени.

П.О.

Фото: Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени