22 Ноември, 2024
0.0307

Нема веќе зими со дебели снегови, последиците ќе ни тропнат на врата

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Оваа зима минува без некои позначителни снежни врнежи кои би формирале снежна покривка во градовите. Отсуството на снегот ќе има серија негативни ефекти во иднина од кои ќе трпиме последици. Дел од нив веќе се видливи.

Агрономот Весна Севдинска вели дека поради релативно топлата зима бег снег ќе страда земјоделството, посебно житата.

„Снег треба да имаме во месец јануари, а ако немаме снег, немаме вода, тоа ќе се одрази на есенските посеви, но и на сите други земјоделски култури. И не само снег, потребни се и минусни температури, инаку се јавуваат штетници кои ги напаѓаат житата“, рече Севдинска.

Од Центарот за климатски промени велат дека сезонава огромен дел од зимските центри во Европа се без снег, па некои размислуваат дури и да стават клуч на врата. Додаваат дека веќе длабоко во јануари имаме пролетни температури, што краткорочно е поволно со оглед на акутната енергетска криза, но долгорочно ова ќе предизвика сериозни последици. Високите температури и отсуството на снежни врнежи глобално драматично ќе се одразат на хидролошката состојба, односно хидропотенцијалот.

„Проблемите се веќе видливи. Нашите хидроакумулации се речиси на граница на нивните критични коти.  Во Албанија каде хидропотенцијалот учествува со над 90 отсто во вкупното производство на електрична енергија, се појави сериозен недостаток од електрична енергија кој не може да се обезбеди од други извори бидејќи ги нема, па земјата беше приморана да се снабдува од увоз. Со намалувањето на снежните врнежи и потоплите зими, се покренува прашањето дали треба сè уште да ја сметаме водата како обновлив извор на енергија и како да се користи во иднина за производство на електрична енергија со оглед дека имаме сè помалку вода во речните сливови. Дополнително ова е уште една причина за стопирањето на изградбата на мали хидро електрани кои ќе ги зафатат намалените водостои во реките и можат да предизвикаат изумирање на флората и фауната во одредени области, што би довело до целосно менување на биодиверзитетот“, велат од Центарот за климатски промени.

Секоја наредна година имаме рекорди во однос на максимално измерените температури. Глобалното затоплување полека си го наплатува својот данок.  Од Центарот за климатски промени велат дека иако и на минатогодишниот климатски самит COP 27 во Египет, потврдена е согласноста за ограничување на глобалниот пораст на температурите на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриското ниво, сепак, превземените обврски од страна на земјите за намалување на емисиите на стакленички гасови се премногу слаби за да овозможат останување во рамките на границата од 1,5 степени Целзиусови.  

„Во Македонија, во последните две децении се бележи константно зголемување на просечните температури. Имено, постои значително зголемување на бројот на денови со температури над 30°C и над 35°C, како и на бројот на ноќи со температури над 20°C (тропски ноќи). Исто така зголемена е и зачестеноста на појавување на топлотни бранови. Според тоа, земјата е подложна односно ранлива кога станува збор за ефектите од климатските промени, но исто така мора да се констатира дека има ограничен степен на подготвеност за справување со климатските промени, нивно ублажување и адаптација кон истите. Имајќи предвид дека земјоделството е традиционално една од најзначајните економски активности, мора да се има во предвид фактор дека одредени земјоделски површони ќе бидат под сериозна закана од опустинување, па во едни такви околности мора да се размислува за вклучување на нови земјоделски култури кои ќе бидат поотпорни на новонастанатите климатски услови. Иако сиромашните, малите земји се незначителни во однос на ефектот кој го имаат во предизвикувањето на климатските промени, за жал тие највеќе ги чувствуваат последиците. Изградбата на инфраструктура за заштита од поплави, зачувување на мочуриштата, зачувување на шумите и пошумување, како и многу други мерки, може да им помогнат на земјите да станат поотпорни на последиците од климатските промени. Од 100 милијарди долари годишно што богатите земји ветија дека ќе ги издвојуваат за посиромашните земји од 2020 година (ветување што сè уште не е исполнето), само околу 20 милијарди долари одат за имплементација на мерки за адаптација. Сепак, на COP27 уште еднаш е потврдена оваа обврска на развиените земји, надоградена со заложбата за основање на фонд за „загуба и штета““, додаваат од Центарот за климатски промени.

Деновиве снежна покривка од неколку сантиметри е регистрирана во Крушево, Берово, Делчево. За споредба во 2021 година, во февруари месец во Крушево е измерена покривка од 36 сантиметри. Во јануари 2019 година, во истиот град имало снежна покривка дебела 30 сантиметри. Во минатото имаше зими кога цели села беа отсечени поради снегот и воопшто не функционираше сообраќајот поради снежните наноси. Од друга страна, изминативе години преку лето во Гевгелија беа измерени температури од 44 степени. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир