Нема влез во Франција за граѓани од земји кои се надвор од ЕУ
Објавено во: Свет, Корона Вирус 30 Јануари, 2021
Франција ги затвора границите за луѓето од земјите кои не се членки на Европската Унија.
Премиерот Жан Кастекс најави построги ограничувања за патувања. Сепак, тој ги отфрли повиците за карантин.
„Ги знаеме штетните последици на затворањето. Гледајќи ги бројките од изминатите неколку дена, заклучивме дека можеме да си дадеме шанса да избегнеме нов карантин“, изјави Кастекс.
Почнувајќи од утре, ќе бидат забранети сите несуштински патувања од земјите кои не се членки на ЕУ. Полицијата ќе го засили своето присуство за да се обезбеди почитувањето на полицискиот час, кој трае од 18 до шест часот. Здравствените власти бараат да се воведе нов карантин поради преоптовареноста на болниците и ширењето на новите варијанти на коронавирус. Патниците кои доаѓаат од внатрешноста на ЕУ ќе мора да приложат негативен ПЦР тест.
Во земјата досега починаа над 75.000 луѓе поради коронавирусот. Франција во светски рамки е на 6-то место по бројот на заразени.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.