18 Декември, 2025
0.0847

НЕМА ЗАКОНСКА ОБВРСКА ЗА ЗИМСКА ОПРЕМА, НО ЗИМСКИ УСЛОВИ ИМА: Дали полицијата ќе ве казни ако сега на снег возите без соодветна опрема?

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2025 09:00

Добивај вести на Viber

Законската обврска за носење зимска опрема во возилата стапува на сила на 15 ноември. Се дотогаш, возачите не мора да имаат зимска опрема. Но, временските услови нагло се влошија, снег падна во делови од земјата, а голомразицата дополнително го отежнува сообраќајот бидејќи никој од возачите не е подготвен за вакви временски услови.

Фактор одлучи да дознае дали возачите ќе добијат казна ако во зимски услови но без законската обврска, возат без соодветна опрема за вакви временски услови.

Од Министерстото за внатрешни работи велат дека законската обврска за носење зимска опрема е на сила од 15 ноември до 15 март, но, според нивниот одговор, полициски службеник може да ви забрани понатамошно возење, ако смета дека условите на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на собораќајот.

Оттаму го цитираа членот 361 од Законот за безбедност на патниот сообраќај.

(1) Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

(2) Полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема согласно ставот (1) на овој член.

(3) Полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

(4) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Сектор за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција препорачува внимателно возење за време на врнежи од дожд и снег и користење на зимска опрема доколку има потреба од неа“, одговорија од МВР.

Д.Т


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија