05 Декември, 2025
0.0443

НЕМААТ ПОЗИТИВНИ: Мала европска земја се врати во нормала

Објавено во: Свет, Корона Вирус 06 Април, 2021 16:53

Добивај вести на Viber

Гибралтар е првата земја во Европа која се врати во нормала и нема позитивни на коронавирусот. 

Гибралтар, британска прекуморска територија сместена на најјужната точка на Шпанија, е првото место во Европа кое се врати во претпандемиската нормалност. Скоро сите 34.000 жители се вакцинирани, како и 10.000 луѓе кои редовно доаѓаат од Шпанија на работа.

Министерката за здравство на Гибралтар, Саманта Сакраменто, сѐ уште се навикнува на новата нормалност. Носењето маска веќе не е задолжително, освен во јавен превоз.

„Имаш чувство како да си заборавил нешто или дека правиш нешто погрешно. Психолошки, ќе ни треба време да се вратиме“, вели Сакраменто.

Полициски час е укинат, а рестораните и баровите смеат да работат до два часот после полноќ. 

Ковид-19 однесе 94 животи на Гибралтар, а сега веќе нема пациенти со оваа болест во тамошната болница. Во светот, Израел е една од ретките земји кои се вратија во нормала. 

foto freepik

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро