06 Декември, 2025
0.0322

НЕМАМЕ СОМНИТЕЛЕН ПАЦИЕНТ ЗА ДА СЕ БАРА МУТАНТОТ, НАПРОЛЕТ КОРОНАТА КАЈ НАС ЌЕ СЕ СВЕДЕ НА СЕЗОНСКИ ГРИП: Д-р Стевановиќ и проф. Даниловски за омикрон варијантата

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2021 08:05

Добивај вести на Viber

Експертската јавност во Македонија веќе наговестува дека во периодот на божикните и новогодишните празници, омикрон варијантата ќе пристигне во земјава, пред се поради зголемените патувања. Се очекува голем број наши сограѓани кои живеат во странство, до крајот на декември да се вратат во Македонија и празниците да ги поминат тука, а тоа според инфектолозите и епидемиолозите е една од главните причини за увезување и на новата варијанта која по појавата во Јужна Африка, веќе е присутна во 63 земји во светот.

Конкретни податоци за тоа колку е заразен и каква клиничка слика дава омикрон, се уште нема, но последниот извештај на СЗО вели дека сојот претставува глобална закана. И покрај тврдењата на експертите од Јужна Африка дека нивните пациенти заразени со омикрон имаат полесни симптоми, односно далеку поблага клиничка слика, во Велика Британија веќе е потврден првиот смртен случај на пациентка која била заразена со новата варијанта. Во разговор за Фактор, директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ, вели дека се уште немаат пациент чија клиничка слика барем по нешто се разликува од останатите пациенти, но смета дека барем и во наредните две години ќе имаат хоспитализирани пациенти болни од корона вирусот.

-Дека ќе има хоспитализации, ќе има, дека ќе има смртни случаи ќе има. Но, ние уште не сме забележале пациент со некој поинаков знак за да алармираме веднаш и да се испратат примероци за секвенционирање. Така беше и со појавата на претходните соеви, британскиот и делта сојот. Пратејќи ја секојдневно состојбата на пациентите, макар еден-двајца да отстапуваа од тоа што дотогаш сме го третирале, јас и колегите веднаш алармиравме дека станува збор за нешто друго. За овој сој се уште нема прецизни податоци, но секако, како и со досегашните варијанти, клиничката слика на пациентите секогаш зависи од возрасната група, од придружни здравствени состојби, коморбидитети и така натаму. Колегите од Јужна Африка велат дека варијантата дава поблаги симптоми, иако е многу позаразна и многу брзо се шири, а од Британија дојде информацијата за почината пациентка кај која бил потврден омикрон сојот, па дефинитивно останува во наредните двте три недели сите овие наоди да бидат потврдени во научни студии...Со оваа патологија ќе се занимаваме уште сигурно две години, можеби не со таков интензитет каков што имавме, но дефинитивно уште ќе лекуваме пациенти болни од ковид-19, посочува во разговорот директорката Стевановиќ.

Истовремено, епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски вели дека во Јужна Африка не се случи досега ништо спектакуларно, односно дека нема оптоварување на здравствениот систем со преполнување на болниците поради пациенти кај кои е потврден омикрон.

- Дури и врвот веќе го достигнаа и бројките им се намалуваат, а без навала по болниците. Она што го кажав уште пред две недели, дека нема посебна причина да стравуваме и дека напролет короната кај нас ќе се сведе на сезонски грип, веројатно ќе се оствсри со високо ниво на веројатност. Исто така, штитот ќе ни биде дотолку поцврст, колку што повеќе граѓани примат трета доза. Тука мислам на постарите и хронино болните. Помладите од 50 години (ако немаат хронични болести), нема потреба да се ревакцинираат. За нив и за младите дури пожелно би било да се заразат со вирусот. Но, да почекаме какви информации ќе се добијат за тежината на клиничката слика за сите возрасни групи, особено постарите. Досегашните податоци се анегдотални. За недела-две ќе се добие појасна слика. Уверен сум дека иднината е во постојани контакти со вирусот, а не во бустер дози на вакцини - освен само за старите и хронично болните - сосема аналогно како за сезонскиот грип, нагласува проф. Даниловски за Фактор.

Анита Буховски


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција

Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција

Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“

Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“

Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира

Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира

Локални дождови ќе направат хаос на патиштата – подгответе се

Локални дождови ќе направат хаос на патиштата – подгответе се

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени