Немцов имал докази за руската воена интервенција во Украина
Објавено во: Свет 02 Март, 2015 20:45
Рускиот опозициски политичар Борис Немцов, кој во петокот беше убиен во Москва, располагал со докази за присуство на руски војници во Украина и се подготвувал во секој момент да ги објави, изјавил денеска неговиот пријател Илја Јашин.
„Тој имаше докази. Велеше дека одржувал контакти во Иваново, Јарослав и други градови со блиски на убиените во Украина руски војници“, изјавил за АФП Илја Јашин, кој е лидер на опозициското движење „Солидарност“ и беше еден од најблиските пријатели на Борис Немцов.
Неговиот пријател стравува дека овие докази никогаш веќе нема да бидат објавени.
„Не знам како се здобил со овие информации. Инспекторите го посетиле домот на Немцов два часа по убиството, а следниот ден ја посетиле и неговата канцеларија. Мислам дека Борис го имаше завршено својот извештај насловен како „Путин и војната“, и со него требаше да предизвика сензација“, додал Илја Јашин.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




