Неочекуван потег: ОБСЕ седна со Бачев на иста маса, овој ги компромитираше
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2018 17:17
Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, придружуван од членовите на Извршнот комитет Драган Угриновски и Ацо Николовски, оствари средба со Јан Петерсен, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР на претстојниот референдум.
На средбата по барање на амбасадорот Петерсен се дискутираше за референдумот на 30 септември, договорот со Грција за менување на името, идентитетот јазикот и историјата на македонскиот народ како и за општата ситуација во земјата.
Бачев го информираше Петерсон дека е свесен за дометот и можностите на ОБСЕ/ОДИХР како наменска институција за потребите на својот странски ментор која со години пишува наменски извештаји, воглавно, тоа се исти пишани страници наредени на компјутери по одреден терк во кои само се менуваат датумите на изготвувањето.
Всушност, на своевиден начин тоа го потврдува и самото ОБСЕ/ОДИХР која од една страна промовира демократија, владеење на правото, човекови права а од друга страна самиот референдум е дефектен во старт како спротивен на меѓународното право, според кое, секоја држава има право на самопределување и меѓународно правно признато право да носи име по сопствен избор и договорањето за име претставува недозволен предмет на меѓународен договор.
Бачев јасно и категорички побара од амбасадорот Петерсен во извештајот, но не оној за сцената, туку оној зад сцената, да пренесе дека без оглед што претставуваат силен противник кој фрла многу пари за уништување на македонскиот народ, овојпат ќе ги победиме, сплотени сме како Македонци, влогот е голем, ова е света борба на сите нас за опстанок на цел еден народ и затоа оваа битка ќе ја добиеме, го имаме нескршливиот аргумент: македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО и промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




