Епидемиологот Оровчанец за Фактор: Не требаа големи рестрикции на почетокот, епидемијата летоска ќе исчезне
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2020 07:30
Требаше да работиме со стратегија на стекнување јак колективен имунитет уште на почетокот, затоа што е јасно дека колку повеќе луѓе заболат толку побрзо епидемијата ќе исчезне, вели за Фактор епидимиологот проф д-р. Никола Оровчанец, пензиониран професор на Медицински факултет. Оровчанец смета дека моментално во прилог ни оди топлото време и УВ-зрачењето кое ќе го неутрилизира вирусот.
„Јас сум за јак „колективен имунитет”! Познато е дека со пасажирањето низ човекот вирусот се менува, човечкиот организам не е подобен за развој на вирусот, во него тој слабее. Затоа и се вели, колку повеќе луѓе заболат толку побрзо ќе заврши епидемијата, вели професорот.
Тој вели дека министерот за здравство успешно ги координира активностите околу епидемијата.
„Сметам дека требаше да се постави натпартиски да ги собере и активира сите стручни лица со искуство во практиката во Македонија, затоа што во прашање е здравјето на популацијата во државата! Испуштена е шанса за паралелна едукација на населението за тоа што е здравје, како се одржува и како се зголемува отпорноста кај луѓето! Очигледно не е доволно укажувањето „носете маска, одржувајте дистанца, мијте ги рацете, вели Оровчанец.
Според него и покрај растот на бројот на новозаболени, коронавирусот во моментов слабее.
„Топлото време и УВ-зрачењето ќе го неутрализира, бидејќи генерално сите вируси се термолабилни и не се толку активни кога има сонце.Вирусот веќе ја нема моќта од почетокот, но ќе има уште џебови, особено кога ќе наиде на компромитирана личност, но епидемијата во текот на летото ќе заврши. Што се однесува за вакцината, треба да се почека, бидејќи тешко е да се направи во моментов оти има повеќе поттипови од вирусот кои циркулираат. За да има добри резултати од вакцината експертите треба да се договорат кои од тие видови најмногу се појавуваат или се најопасни во циркулација. Познато е дека за да се направи класична вакцина потребно е 1,5 – 2 години, вели Оровчанец.
A.T.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




