22 Ноември, 2024
0.0380

Неповолен момент за еколошката такса: Стопанството на нозе, граѓаните бројат трошоци за в џеб

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Зголемувањето на еколошката такса за горивата нема драстично да ја намали потрошувачката, но зголемените цени негативно ќе влијаат на стандардот на граѓаните. Експертите посочуваат дека ова зголемување во момент кога расте цената на суровата нафта на светските берзи, а граѓаните и стопанството се уште чувствуваат последици од економската криза предизвикана од пандемијата, дополнително ќе го зголеми товарот.

Од Стопанската комора на Северна Македонија за Фактор велат дека таксата ќе ги зголеми трошоците на работењето и ќе ја намали конкурентноста. А додека стопанството пресметува каков ќе е конечниот ефект, премиерот Зоран Заев кој во претходните два дена ја најави и ја дообјаснуваше еколошката такса вели дека со ова нема да се подгрее инфлацијата, а Владата на ваков начин ќе ги зголеми буџетските приходи со влог во Еколошки фонд кој ќе промовира искористување на обновлви извори на енергија.

Стопанствениците, велат од комората се свесни иднината носи нераскинлива врска помеѓу водењето на бизнисот и водењето на државните економски политики, од една страна, и грижата за животната средина и почитувањето на стандардите за најзина заштита, од друга страна. Сепак очекуваат раст на цените и трошоците. Бараат расправа за прашањето.

„Имајќи предвид дека енергенсите се неизбежна ставка во работењето на компаниите, сосема е јасно дека зголемувањето на еколошка такса од 3,5 денари, ќе ги зголеми трошоците на работењето и со тоа ќе ја намали ценовната конкурентност на домашните производи.  Заради тоа цениме и побаравме од Владата на РС Македонија да се отвори расправа со Коморите за ова прашање, што е и прифатено. Очекуваме во текот на следната недела на заедничка средба да се отвори расправа по Одлуката за зголемувањето на еколошка такса, стои во одговорот од комората за Фактор.

Професорот Трајко Славески, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии вели дека една од целите на зголемувањето ќе биде исполнета, односно приходите по тој основ ќе се зголемат. Сепак, според него, несомнено ова ќе го намали стандардот на граѓаните. 

„Поради релативно ниската еластичност на побарувачката за горива кај нас, зголемувањето на цените до одреден степен не влијае на намалување на потрошувачката. Секако, зголемените цени негативно ќе влијаат на стандардот на граѓаните и ќе ги зголемат трошоците за транспорт на стоки и патници. Дополнително, евентуалното воведување на оваа нова давачка доаѓа во изразито неповолен момент кога цената на суровата нафта на светските берзи е висока и се очекува нејзин натамошен раст, што може дополнително да ги зголеми малопродажните цени на горивата, вели Славески.

Тој тврди дека лично не очекува некој позначителен ефект од оваа мерка врз однесувањето на граѓаните, односно мерката ќе има претежно фискален ефект на зголемување на приходите во буџетот.

Фактор вчера објави дека државата и досега наплатуваше еколошка такса, но давачката беше многу помала. При прeсметувањето на конечната цена на горивата Регулаторната комисија за енергетика пресметува еколошка давачка која во моментов за секое гориво има различна висина, но за сите не чини ниту денар, туку многу помалку. 

Имено, за бензините изнесува 0,08 денари, за дизелот 0,03 денари, за екстралесното масло за домаќинство 0,04 денари, а за мазутот е 0,05 денари. Сега, според новиот предлог за сите горива оваа нова давачка ќе изнесува 3,5 денари што значи дека зголемувањето на таксата е за 4,275 проценти кај бензините или за 43,7 пати.

Премиерот Заев рече дека еколошката такса е дел од севкупната програма за екологија на Владата. 

„Еколошката такса е 3,5 денари за нафтата за да се откажеме од нафта и нафтени деривати и да поминеме на користење на зелена енергија, да се движиме со велосипед, со тротинет и со електрични возила, рече премиерот Заев.

Вчера пак тврдеше дека таксата нема да ја подгрее инфлацијата. 

„Дефинитивно 3,5-те денари нема да влијаат ништо посебно, имајќи предвид дека сите рамноправно и секој соодветно понесува дел од обврската за зелената агенда и заштитата на здравјето на граѓаните. Убеден сум дека со тоа што, сепак, цената на нафтата е најевтина на европскиот континент е сериозен аргумент за сите, рече Заев.

Од дополнителната такса ќе се соберат во буџтот 1,685 милијарди денари (27,3 милиони евра) за едно полугодие или 3,3 милјарди денари за цела година.

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто