27 Јули, 2024
0.0279

НЕПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СУДИИ НЕКА МУ ЈА МИСЛАТ - ќе им се проверуваат имот, врски и влијанија

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Владејачката партија се погласно зборува за проветрување во судството, најавувајќи дека серозно се размислува за овој процес, кој многу брзо може да стане реалност.

Судиите ќе се „скенираат“ целосно, ќе се испитуваат нивниот имот, врските и влијанието, и сето тоа, како што признаваат и од власта, нема воопшто да биде лесна процедура. 

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, но и министер за информатичко општество и даминистрациј, од партиска трибина им вети на граѓаните, дека веднаш откако ќе победеле на изборите на 12 април, ќе го спроведат ветингот на судството на дело.

„Време е конечно да се направи ветинг во судството, бидејќи има луѓе во судството кои навистина професионално работат, но има и такви за кои навистина треба да минат низ процес на ветинг“, порача Манчевски на трибината на „На прав пат“, која вчера вечерта се одржа во Валандово.

Тој нагласи дека власта се обидувала и порано да го направи ветингот, но сакала да им даде шанса на системот и на законите да функционираат. 

„Но сите гледаме дека тоа не го бидува и мораме не само кај судиите, туку целиот сектор да се проветри, да направиме сериозен ветинг. Време е луѓето кои го спроведуваат законот, да ги почитуваат законите и ова е нашето ветување: Веднаш по победата на 12 април, ќе го спроведеме ветингот на дело“, порача Манчевски.

А и министерката за правда Рената Дескоска, во гостување во емисијата „Само интервју“ на тв Канал 5, рече дека мора да се бараат начини да профункционира отчетноста и одговорноста во рамки на судството. Ветингот не е лесен процес и тој треба да се изврши транспарентно и професионално, рече Дескоска. 

Ако не се променат самите, ако не профункциираат органите, како Судскиот совет, Советот на судии и јавни обвинители, мора да бараме начини да профункционира отчетноста и одговорноста во рамки на судството. Ние им ги дадовме сите механизми што ги има во ЕУ за да ги спроведуваат. Ако не реагираат, тогаш ќе мора да одиме со вонредни мерки“, вели Дескоска.

Таа рече дека ветингот е вонредна мерка што се спроведува одреден временски период, и тие судии ќе мора да поминат на целосна проверка – врски, влијанија, имот, и сето тоа, според неа, е нешто што се испитува во една постапка и не е лесна процедура. Во Албанија, додаде таа, голем дел од судиите се откажаа пред да им се направи ветинг.

„Корумпиран судија на сите прави штета, подобро е да го нема отколку да го заразува здравото ткиво, подобро сто, двеста квалитетни, отколку 300 неквалитетни кои прават поголема штета. Ветингот е процес што треба да има согласност со двотретинско мнозинство, да изградиме кредибилиен процес. Нас ни треба процес во кој сите ќе веруваат дека се врши транспарентно, професионално. Мој предлог е во таа ветинг комисија да учестуваат претставници на европски институции, со цел да се задржи довербата во тој процес“, рече министерката.

На иста линија е и пратеникот од СДСМ Костадин Костадиновски, кој во дебата на телевизија Телма изјави дека актуелната влада со сите сили во рамките на законот се труди да направи реформи во правосудството, но тврди дека тоа не го дозволуваат инсталациите кои се останати од, како што вели, времето на груевизмот.

„Нашиот став за правниот систем е сосема јасен. Ако целта беше да го тргнеме груевизмот од извршната, локалната и законодавната власт, го тргнавме, но заради силните инсталации во институциите кои се на страната на Груевски и криминалнот, не дозволуваат груевизмот да биде искоренет од судската власт“, рече Костадиновски.

Тој тврди дека ветингот е единственото решение за реформи во правосудството и истиот мора да биде внимателно изведен. Костадиновски и СДСМ ја повикуваат и Антикорупциската комисија да поведе постапки и да го истражни потеклото на имот на судиите и обвинителите.

„Има таму и чесни судии, но има и судии од груевизмот. Таквите мора да се тргнат од правосудството“, вели Костадиновски.

Најавите за процес на ветинг, што всушност значи проверка, проветрување, прочистување во сусдтвото, доаѓаат откако многу од донесените судски одлуки, особено во последниов период, наидоа на жестоки критики од јавноста.

Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август