НЕСЕКОЈДНЕВНО: Австријци со трактори пристигнаа во Котор
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 30 Јуни, 2020
Дека оваа туристичка сезона ќе биде поинаква покажува и фотографија од туристи кои се сликани во црногорскиот град Котор.
Aвстријци со трактори пристигнаа на море во Црна Гора.
Црна Гора очекува за 90 отсто помалку туристи во споредба со лани, поради пандемијата на коронавирусот.
Дебели Бријег, каде има речиси десет пати помалку патници во споредба со минатата година, посебно внимание привлекоа туристи од Австрија, пренесува порталот Цдм.
Како што пренесува радио Јадран, тие ја преминале границата со трактори на кои им закачиле приколки.
Во меѓувреме, коронавирусот повторно се шири во Црна Гора како и во други земји од регионот.