18 Декември, 2025
0.0501

„Несоодветно, што не ја заврши војната“: Трамп за Путин и тестирањето нуклеарни ракети

Објавено во: Свет 27 Октомври, 2025 09:35

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп објавата на рускиот претседател Владимир Путин за успешното тестирање на нуклеарна ракета денеска ја оцени како „несоодветна“.

„Несоодветно е Путин да го каже тоа. Тој треба да ја заврши војната во Украина“, изјави американскиот претседател за време на неговата азиска турнеја.

„Оваа војна, која требаше да трае една недела, е на прагот да влезе во својата четврта година“, рече Трамп, додавајќи дека Путин треба да се занимава со таа војна наместо да тестира ракети, пренесуваат медиумите.

Рускиот претседател вчера објави дека е успешно извршен последниот тест на нуклеарната ракета „Буревестник“, пофалувајќи го тоа, според него, „уникатно“ оружје со дострел до 14.000 километри.

„Одлучувачките тестови сега се завршени“, рече Путин во видео објавено од Кремљ за време на состанокот со воените претставници.

Тој нареди почеток на „подготовка на инфраструктурата за распоредување на ракетниот систем „Буревестник“ во руските вооружени сили“.

За време на последниот тест, ракетата беше во воздух „околу 15 часа“ и прелета 14.000 километри, изјави началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов, додавајќи дека „ова не е границата“ на ова оружје.

„Техничките карактеристики на „Буревестник“ овозможуваат да се користи со загарантирана точност против високо заштитени локации на кое било растојание“, рече Герасимов.

Во 2018 година, Путин објави дека руската војска развива производство на ракета која, според него, може да ги надмине сите системи за пресретнување.

Фото: Принтскрин/Трут

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“