НЕСРЕЌА ВО ХРВАТСКА: Училишно комбе излетало од патот - во него имало деца ВИДЕО
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2023
Во околината на Сплит, Хрватска, околу 13 часот и 30 минути на патот што ги поврзува населените места Срињине и Горње Ситно се случила сообраќајна незгода.
Станува збор за стрмен и кривулест пат кој ги поврзува овие две места и каде временските услови се лоши (врне дожд, патот е лизгав и било облачно). Возачот управувајќи го комбето слетал под коловозот во Сиротковиќи, јавува Далмација.
Според неофицијални информации, станува збор за училишно комбе во кое во моментот на несреќата се наоѓале деца. За среќа нема потешко повредени, но превентивно се пренесени на лекарска помош.
Несреќата ја потврди и сплитската полиција. „Во 13 часот и 23 минути во Ситно Горњи, на раскрсницата за Срињине, се судрило комбе. Полицијата е на местото на настанот“, изјави Сања Назлиќ од Сплитско-Далмација полициска управа. Сообраќајот на оваа делница од патот се одвива наизменично, по една коловозна лента, со регулација на полициски службеник.
Зринка Мужиниќ Бикиќ, директорка на ОУ „Срињине“ за Слободна Далмација изјави дека, според досегашните информации, сите деца се добро.
„Децата се свесни. Некои од нив се со модринки и за секој случај ќе бидат пренесени во сплитската болница на детален преглед, но според информациите што ги имам нема сериозни повреди. Имаше возач и пет ученици од нашето училиште во комбето“, рече директорката.
Несреќата за тамошните медиуми е потврдена и од медицинските служби.
„На итната помош се примени пет деца од сообраќајна несреќа. Тие се во добра општа состојба, имаат минимални физички повреди, најмногу удари, без сериозни физички повреди.
Ќе бидат задржани кратко време, процесуирани и потоа пуштени дома доколку се биде во ред“.
Фото: Принтскрин/Јутуб* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
БУГАРИЈА НЕМАЛА БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА: Требале да се исполнат европските вредности

БУГАРИЈА СЕПАК НЕ ГО ПУШТИ АВИОНОТ НА ЛАВРОВ: Причината е Захарова

Србија ја купи наредбата на Хитлер за напад на Кралството Југославија

(ВИДЕО) ЧАДНИ БОМБИ И СОЛЗАВЕЦ: Ветераните на ОВК се против Специјален суд

НАЈСТАРАТА ЌЕРКА НА ВАНЃЕЛ ТАВО ЗАГИНА НА АВТОПАТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА - Поранешниот министер на Албанија со трогателна објава

ЦРТЕЖИТЕ НА КОСТА СЕ МРАЧНИ И МОРБИДНИ: Психолозите преку нив го дефинираат момчето

АВИОН НА „ЕР СРБИЈА“ ВРАТЕН ОД СКОПЈЕ: Еве кои се причините

ЕВЕ КАКО ЖИВЕАТ АЛБАНЦИТЕ НА КОСОВО: Помеѓу два огна
