19 Декември, 2025
0.0441

НЕУМОРНИОТ ХАН: Трка со времето, кој ќе ја крои Владата?

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2017 08:17

Добивај вести на Viber

Не е исклучено дека еврокомесарот Јоханес Хан во својата дипломатска актовка, во четврток, во Скопје ќе донесе предлог за формирање на “широка коалиција“. Тоа повеќе би било изложено како предлог, а не како решение – коментираат дел од аналитичарите. Клучно прашање што може да донесе пресвртица на политичката сцена е дали пред посетата на европскиот дипломат, преговорите меѓу СДСМ и ДУИ ќе завршат со договор за формирање на парламентарно мнозинство.

Што носи Јоханес Хан во дипломатската актовка ?

Официјално, повод за посетата на европскиот комесар Јоханес Хан во Скопје е министерскиот состанок за  енергетика во рамките на процесот „Шест западнобалкански држави“, на кој ќе учествуваат министри за надворешни работи и за енергетика и економија. Сепак, наспроти ваквата официјалност,  Брисел потврди дека европскиот дипломат утре ќе се сретне со лидерите на партиите кои по предвремените парламентрани избори добија пратенички мандати . 

“Комесарот Јоханес Хан ќе биде во Скопје во четврток на 9 февруари на состанокот на министрите за надворешни работи и енергетика од шесте земји на Западниот Балкан. Учесниците ќе го забележат постигнатиот напредок во енергетскиот сектор и ќе разговараат за мерки за унапредување на регионалниот пазар на електрична енергија. Исто така, ќе се разговара за подготовка на Самитот за Западен Балкан, што во јули ќе се одржи во Трст, Италија. На маргините, комесарот Хан, исто така, ќе има и билатерални разговори, меѓу кои и со претставници на сите политички партии на земјата-домаќин“ -  изјави Маја Коцијанчич.

Сега според дел од аналитичарите едно од поважните прашања е дали Хан ќе дојде во Македонија, во состојба на веќе постигнат партиски договор за парламентрано мнозинство или во отсуство на ваков договор – тој на маса ќе даде предлог за широка коалиција.

“Мислам дека Хан доаѓа со исклучиво понуда, не може тоа да биде решение. Тоа нема да биде наредба но ќе биде некаков вид на порака во насока да не се повторат изборите, тоа јасно беше посочено од меѓународната заедница, да се формира што побрзо Влада, но притоа сега малку појасно ќе прецизира што значи широката поддршка“ - вели унивезритатската професорка Ана Павловска Данева.

Во серијата на пораки што ги испорача меѓународната заедница на адреса на Македонија беше токму формирање на Влада со широка поддршка.

“Во рамките на тој процес требаше да се одржат предвремени парламентарни избори, и тоа е направено во декември. Сега земјата треба да добие влада и се надевам дека земјата ќе влезе во транзициска фаза која ќе и дозволи да создаде Влада која ќе може да се потпре врз едно уставно мнозинство“ - оцени европскиот дипломат во една од своите последни дадени изјави.

Какви се шансите – политичка влада или нови избори ?

Пред да се оставри ова можно сценарио – сепак останува опцијата дека во текот на денот, односно до доаѓањето на еврокомесарот, СДСМ и ДУИ да постигнат договор за паралментрано мнозинство. 

Во понделеникот, високи партиски делагации на СДСМ и ДУИ и официјално ги стартуваа преговорите за парламентрано мнозинство. По правата формална средба од СДСМ изјавија дека се бара решение за излез од уставна криза.

„Се занимававме со многу принципиелни нешта, како оваа држава треба да се справи и со одлуката на Иванов, кој не го почитува Уставот. Далеку сме од конкретни дискусии за некои политички прашања, особено далеку од поделбата на ресори. Поважно прашање е како да излеземе од кризата“ - изјави Радмила Шеќеринска од СДСМ.

Според ДУИ – стартот на преговорите беше оценет како конструктивен.

„Јавноста ги знае нашите рамки: интеграција во ЕУ и НАТО, реализирање на скопскиот Договор во однос на СЈО, прашањата кои се поврзани со реализација на Охридскиот договор, со еднаквост на Албанците овде... Имавме конструктивна атмосфера, а финалните одлуки ќе се носат од претседателството на партијата, на чело со претедателот Али Ахмети“,потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи.

Во овој “преговарачки“ процес,  Вмро Дпне е во молк, но преку соопштенија ги испраќа клучните пораки. Така, по средбата на лидрот на Вмро-Дпмне, Никола Грувески со  Нина Соумалаинен, прв човек на ОБСЕ, партијата ги повтрила своите ставови.

“На прашањето поврзано со создавање владина коалиција, од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше потенцирано дека состојбата во Република Македонија е зрела за одржување на нови предвремени парламентарни избори поради тесното мнозинство кое би било направено. Од ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето доколку СДСМ формира Влада, дали истата ќе биде прифатлива за партијата, беше одговорено дека секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“, се наведува во соопштението на Вмро-Дпмне.

Финалето на постизборната криза се ближи. Широка коалиција или политичка влада – остануваата две веројатни исходни сценарија, но аналитичарите не го исклучуваат и  сценариото  за спроведување на нови избори.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот