16 Мај, 2024
0.1000

Неверојатна казна – 1.2 милиони долари за кршење на законот за „едно дете“

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Кинескиот режисер Жанг Јиму заработи казна од 7,48 милиони јуани (1,2 милиони долари) заради прекршување на политиката за едно дете што ја води Кина. Бирото за планирање на семејството во провинцијата Џијангсу испратило писмо до познатиот режисер, номиниран за Оскар, барајќи од него да плати казна затоа што имал „повеќе деца од дозволената квота“. Казната беше изречена откако Жанг Јиму самиот со отворено писмо се извини затоа што со сопругата Чен Тинг имале два сина и една ќерка. „Како режисер, потребен е голем напор и многу добри филмови за да те запаметат луѓето, но имањето прекумерен број деца го уништи сето тоа. Ја признавам мојата грешка и нема да обвинувам други за тоа. Ја научив лекцијата и подготвен сум да соработувам со истрагата на Комисијата за планирање на семејството“, напиша тој во отвореното писмо. Локалните власти на провинцијата Џијангсу ја пресметале казната врз основа на заедничките годишни приходи на брачниот пар, кој казната ќе треба да ја плати во рок од 30 дена. Казната за познатиот филмски режисер доаѓа откако во декември Кина усвои нови правила за олеснување на политиката за „едно дете“. Според измените, властите им дозволија две деца на паровите во кои еден од брачните другари бил единствено дете во семејството. Но, овие измени не се однесуваат за случајот на Жанг Јиму, кој ја режираше и церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.      

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“