17 Декември, 2025
0.0572

„Невестата на џихадот“: Една шокантна британска историја!

Објавено во: Свет 07 Март, 2015 12:00

Добивај вести на Viber

Приказната за три девојки тинејџерки, кои избегале од Велика Британија во Сирија за да се омажат со борци од Исламска држава (ИД), крена многу врева и го привлече вниманието на британските политички кругови и специјалните служби, пишува колумнистот Фахми Хуеиди од весникот „Al Shorouq“.

Сите се зафатиле со деталното проучување на околностите за нивното заминување и причините кои ги натерале да се откажат од лондонската благосостојба и да изберат ризичен и опасен живот без иднина со борците на ИД.

Овие девојки се на возраст од 15 до 17 години. Две од нив - Кадиза Султана и Шамима Бегум, се англичанки од азиско потекло. Третата - Амира Абас - Германка, родум од Иран. И трите учеле во едно училиште - „Bethnal Green“, во источен Лондон. Во тоа училиште одат доста други девојки од муслимански семејства. Британските специјални служби почнаа да се интересираат за нив, откако во декември минатата година една од ученичките избега од земјата и се вратила во редовите на ИД.

Истражувајќи го овој случај, полицијата сослушала неколку ученички, меѓу кои биле и трите неодамна исчезнати девојки.

Ниту полицијата, ниту администрацијата не виделе во зборовите или однесувањето навестување за нивната врска со екстремистите. На никого не му е јасно зашто исчезнатите девојки би  можеле да заминат.

Имајќи во предвид за огромната бројка на муслиманското општество во Велика Британија (повеќе од 3 милиони луѓе, од кои повеќето се од Индија), властите на Велика Британија ги следат внимателно за пропаганда од страна на ИД на интернет и се обидуваат да го ограничат влијанието врз муслиманските младинци. Оваа контрола беше засилена откако стана јасно дека на териториите на ИД во Сирија и Ирак има над 500 млади Британци (50 од нив се девојчиња).

На 24 февруари списанието„Аsharq Al-Awsat“ објави податоци, според кои на териториите под контрола на ИД, се наоѓаат околу 550 жени од Западот. Арапските весници кои излегуваат во Лондон, објавија дека Владата на Велика Британија, заедно со експерти и претставници на безбедносните структури, развила специјална програма за мерки против екстремизмот. Во „Asharq Al-Awsat“ пишуваат дека младите и девојките, сакаат да дојдат до „калифатот“.

Весникот „Al-Hayat“ ги  анализира причините кои ги тераат младите муслимани да го преземат тоа опасно патување.

Повеќето девојки од западните земји, кои ги пополниле редовите на ИД, се врбувани преку социјалните мрежи. Таму муслиманките се убедуваат дека со создавањето на исламска држава тие се обврзани да направат хиджра (бел. Ред. - Верски марш кој секој муслиман го прави до Мека. Во Куранот хиджра е заминувањето на Мека од Мухамед и преместување во Медина. Овој настан го означува почетокот на исламскиот календар), односно да се преселат. Ова е древна традиција во исламот, која претставува стекнување на популарност по падот на исламските држави во Андалузија. Во исто време се издадени барања кои им забрануваат на муслиманите да живеат во земји на „неверниците“, бидејќи на тој начин тие и се закануваат на верата.

Во статија на „Al Hayat“ од 26 февруари се вели дека откако пропагандистите од ИД ќе успеат да ги убедат девојките да заминат од „несправедливиот“ Запад, тие им ветуваат дека ќе можат да започнат нов живот во калифатот, кој еден ден ќе се стане идеално муслиманско општество, а таму ќе се омажат и ќе создадат совршено муслиманско семејство.

Дури и британскиот печат опишувајќи ја судбината на пристапничките кон ИД девојките почна да ги нарекува „невести на џихадот“. Меѓу сите добрини, кои им ги ветуваат од исламистите, се споменува и дом со сите удобности. Притоа се додава дека тој ќе биде бесплатен, како благодарност за „жртвата“, која девојките ја прават, напуштајќи ја западната страна и одејќи во „државата на соништата“.

Проблемот со заминувањето на муслиманските младинци во „калифатот“ ја загрижи за спроведување на законот за општествени организации во академските кругови Велика Британија. Парадоксот е во тоа што за разлика од Британците, кои се однесуваат ладно на проблемот со сета сериозност, арапските медиуми продолжуваат да го игнорираат.

На 25 февруари весникот „Al Ahram“ објавил напис со наслов: „Три англичанки се мажат за муџахедини.“ Кога го читате овој материјал со Флерт наслов, не наоѓае ниеден знак за целата сериозност на овој проблем. Написот бил една лага измислена уште минатата година од сириските специјални служби, кои имаа за цел да ја дискредитираат опозицијата, борејќи се против режимот на Башар Асад. Затоа тие избегаа кон помош на провладините медиуми, кои го раширија и го фабрикуваа со лажни информации.

Велејќи го сето ова, јас во никој случај, не сакам да ги оправдам девојките, кои поверувале во ветувањата на ИД, но сметам дека читателот треба да ја знае вистината за она што се случува во реалноста, изјавил Фахми Хуеиди.

Можеби ќе ве интересира

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки