Невин сум, вели ексдиректорот на Затворот Скопје, Андов - Обвинителството вели дека имаат докази кои го говорат спротивното
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2025 13:59
Поранешниот директор на Истражниот затвор - Скопје, Филип Андов-Сокол вели дека е невин. На денешното рочиште, посочи дека имал дискреционо право со наредба да изврши спровод на осуденици, онаму каде што од него е тоа побарано. Дека нема дело рече и неговиот бранител.
„Тоа не е погодност, тоа е молба што се извршени овие спроводи. Тоа е мое право кое сум го користел со право на Закон и било во целосно испочитувано, без никакви причини за нарушување на безбедноста на Затвор Скопје“, рече Андов по рочиштето.

Обвинителството пак, тврди дека имаат обезбедено докази во случајот против поранешниот директор на Истражниот затвор – Скопје, Филип Андов – Сокол и поранешни надзорници и затворски полицајци. Додаваат дека ексдиректорот и службениците како соизвршители сториле продолженото кривично дело, злоупотреба на службена положба и овластување.
„Спроводите кои што се вршеле во текот на работењето биле вршени во нивните домови. Тоа ќе се докаже и во текот на постапката. И од изведените докази на денешната расправа може јасно да се види“, вели обвинителката.
Во обвинението е наведено дека обвинетите од март до јули 2024 со умисла направиле повредена на законот, односно на петмина осуденици им дозволиле да бидат спроведени до своите домови и до други локации за приватни потреби.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




