16 Јуни, 2024
0.0320

НЕВЛАДИНИТЕ РЕАГИРААТ: Користењето дизел гориво во топланите е краткорочно, грижата за јавното здравје мора да е дел од носењето одлуки во енергетската криза

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Центарот за истражување и информирање во животната средина Еко-свест, со реакција за последните објавени информации кои се однесуваат на одлуката на АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември се несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани.

- Објавата дека во топланите се инсталирани 10 нови пумпи за дизел кои ќе се тестираат по 10 дена во секоја топлана е краткорочно решение кое е спроведено нетранспарентно, а ќе донесе долгорочни штетни последици по здравјето на граѓаните на Скопје. Иако веќе втора зима по ред се соочуваме со енергетска криза, одлуките што се носат за нејзино надминување мора да бидат транспаренти и да носат придобивки на долг рок за да не се повтори кризата и наредната година. Заштитата на јавното здравје и животната средина исто така секогаш треба да бидат приоритет во носењето на ваквите одлуки - велат оттаму.

Според нив, топланите Исток и Запад во моментов имаат дозвола да работат само со природен гас. Воведената промена е целосно различна од нивниот нормален режим на работа и претставуваат  создавање нова постројка со сосема нови параметри. Топланите немаат опрема за контрола на емисиите од користење на дизел гориво, немаат ни еколошка дозвола која што овозможува такво нешто, а сега не чека ситуација каде што 20 дена ќе се користи дизел за загревање на Скопје. 

-Од почетокот на ноември веќе секојдневно се надминуваат дозволените вредности на загадувањето на воздухот во Скопје, кое во некои денови е и двојно повисоко од дозволеното. Со користењето на дизел во топланите, дури и само во овој тест период, загадувањето уште повеќе ќе се зголеми- изјави Давор Пехчевски, координатор за енергија во Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест. 

Како што информираат, веќе постојат технолошко и финансиски лесно достапни алтернативи за загревање на домаќинствата што користат обновливи извори на енергија. Инвестициите мора да се пренасочат во овие технологии за да се добие истиот ефект, но без загадувањето на воздухот. Дополнително, на овој начин ќе се избегнат последиците од енергетската криза на долг рок наместо да остануваме зависни од увоз на скапи и високо загадувачки горива. 

- Апелираме дека здравјето на граѓаните нема цена, а кризната состојба не е причина да се носат ад хок решенија, посебно кога во моментот цената на гасот паѓа, а го има како енергенс. Во вакви услови нема потреба ниту за тестирање, ниту пренасочување на производството на дизел со што значително ќе се загади воздухот во Скопје. Истовремено, бараме од Владата и институциите транспарентно да ги носат одлуките за надминување на кризата и пошироко да се консултираат за да се изнајдат најдобрите решенија. Финансиските инвестиции треба да служат за енергетска трансформација, а не за навраќање кон застарени, одамна надминати и загадувачки технологии - нагласуваат оттаму.

Можеби ќе ве интересира

ПО КОЈ ПАТ СЕ ДВИЖИ ДЕНЕШНАТА МЛАДИНА: Тепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром-насилството документирано со телефон

ПО КОЈ ПАТ СЕ ДВИЖИ ДЕНЕШНАТА МЛАДИНА: Тепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром-насилството документирано со телефон

ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО, А ПРОМЕНИ ОЧЕКУВАЈТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК: Временска прогноза

ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО, А ПРОМЕНИ ОЧЕКУВАЈТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК: Временска прогноза

ЗИЈАДИН СЕЛА СО КЕЧЕ И ВО ДРЕС СО НАЦИОНАЛНИТЕ БОИ НА АЛБАНИЈА - со пријатели во Дортмунд навива за албанската репрезентација

ЗИЈАДИН СЕЛА СО КЕЧЕ И ВО ДРЕС СО НАЦИОНАЛНИТЕ БОИ НА АЛБАНИЈА - со пријатели во Дортмунд навива за албанската репрезентација

ДИРЕКТОРУВАШЕ СО МЕПСО И СО ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ, СЕГА ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА - кој е Орхан Муртезани од Алтернатива

ДИРЕКТОРУВАШЕ СО МЕПСО И СО ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ, СЕГА ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА - кој е Орхан Муртезани од Алтернатива

ОСТАНУВА ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФОТЕЛЈА НА КАВАДАРЦИ - најпопуларниот градоначалник Јанчев нема да оди на министерска позиција

ОСТАНУВА ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФОТЕЛЈА НА КАВАДАРЦИ - најпопуларниот градоначалник Јанчев нема да оди на министерска позиција

ИДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ - еве што предвидуваат синоптичарите

ИДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ - еве што предвидуваат синоптичарите

ПРЕГАЗИЛ ВЕЛОСИПЕДИСТ НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ И ИЗБЕГАЛ - не се знае дали е фатен возачот на аудито

ПРЕГАЗИЛ ВЕЛОСИПЕДИСТ НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ И ИЗБЕГАЛ - не се знае дали е фатен возачот на аудито

ЛУЃЕТО НИ КАЖУВААТ ДЕКА ИМАЛЕ ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ВО СДСМ - Венко Филипче кажа кои биле досега слабостите на партијата

ЛУЃЕТО НИ КАЖУВААТ ДЕКА ИМАЛЕ ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ВО СДСМ - Венко Филипче кажа кои биле досега слабостите на партијата

БАНКАТА НЕ СЕ ЗНАЕ, АМА СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ПАРИ УКРАЛ - фатен разбојникот кој со пиштол им се заканувал на двајца вработени

БАНКАТА НЕ СЕ ЗНАЕ, АМА СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ПАРИ УКРАЛ - фатен разбојникот кој со пиштол им се заканувал на двајца вработени